Опра Винфри: Жени, бидете кралици!

Опра Винфри: Жени, бидете кралици!

Неодамна на Интернет се појави смела изјава од страна на Опра Винфри, што ги охрабрува жените ширум целиот свет да бидат смели и да не се откажуваат од своите соништа. Прочитајте ги нејзините мотивирачки зборови и пронајдете ја храброста што отсекогаш сте ја имале во себе!

Опра Винфри: Жени, бидете кралици!

Жени, бидете кралици!

Имајте смелост да бидете различни.

Бидете пионери. Бидете лидери.

Бидете жени, кои соочени со проблемите, ќе продолжат да го сакаат животот и без страв ќе им излезат во пресрет на предизвиците.

Прифатете го тоа!

Барајте ја вистината и владејте со своето кралство, без разлика каде било – во вашиот дом, во вашата канцеларија, во вашето семејство – со полно срце љубов.

Бидете кралици. Бидете нежни. Нека ве водат нови идеи, уживајте во тоа што сте жени.

Јас ќе се молам за тоа да не губиме време како здодевни и просечни.

Ние сме ќерките на Бог, тука сме со цел да научиме како светот се љуби.

Не е важно низ што сте поминале, од каде потекнувале, кои ви се родители – не е важен ни вашиот социјален статус и економската положба. Ништо од тоа не е важно.

Важно е да одберете да љубите и да ја искажувате оваа љубов преку работата, семејството и сè она што имате да му го понудите на светот.

Жени, бидете кралици! Не се одрекувајте од својата моќ и слава!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар