Оние нешта кои не можат да се купат со пари
Имаме само една шанса да го живееме нашиот живот најдобро што умееме, па затоа не треба да ја „прокоцкаме“. Парите не можат да го направат човекот среќен, ако тој не умее да ужива во оние мали секојдневни работи, кои ни ја исполнуваат душата и внесуваат љубов и среќа во нашите срца.
Животот е постојана борба за „подобро утре“, но убавината на животот не се состои во евентуалната среќна иднина, туку во живеењето во реалната сегашност, во која треба да научите да бидете задоволни од себе и од она што го имате. Потсетете се на сите оние секојдневни ситници кои успеваат да „украдат“ барем мала насмевка на вашето лице.
- Ситуација кога некој се сомневал во вас и на крајот испаднало дека сте биле во право.
- Моментот кога доживувате мини срцев удар, бидејќи не можете да го најдете мобилниот во џебот, но потоа сфаќате дека е во другиот.
- Кога спонтано водите љубов со вашиот партнер, без никој од вас да го планира актот.
- Мигот кога влегувате во такси и му велите на таксистот: СЛЕДИ ГО ОНОЈ АВТОМОБИЛ!
- Ситуација кога малечка бубачка лази по мониторот на вашиот компјутер и вашата прва реакција е да се обидете да ја исплашите со мрдањето на курсорот.
- Интересното чувство кога му кимнувате со глава на вашиот другар/ка, во моментот кога некое многу згодно момче или девојка поминува покрај вас.
- Олеснувачкото чувство кога конечно ќе доверите некоја ваша тајна на најдобриот другар/ка.
- Моментот кога му давате команда на Мајкрософт Ворд да ги „игнорира сите“ грешки во пишувањето на вашето презиме.
- Чувството кога се будите од сон во кој паѓате и сфаќате дека сте на вашата безбедна топла постела.
- Звукот на коцките мраз кои ѕвечкаат во вашата чаша полна со освежувачки сок.
- Моментот кога им мавтате со рака на безбедносните камери кои се поставени во продавницата во која влегувате.
- Чувството на паника кога некој дел од телото ќе ви се заглави некаде и потоа одеднаш ви олеснува кога ќе видите дека сте повторно на слобода.
- Авантуристичкиот дух во вас, кога го возите вашиот автомобил боси.
- Нежноста и топлината која ја облева вашата душа, кога во ладен зимски ден седите по дома завиткани во ќебенце.
- Моментот кога стискате „like“ на сопствениот Фејсбук статус.
- Ситуација во која вицот воопшто не е смешен, но некој од присутните се смее на цел глас.
- Чувството кога влегувате дома и гледате дека вашата соба „блеска“ од чистота и сфаќате дека некој друг ви ја исчистил додека сте биле надвор.
- Чувството на стрвост кога ја пиете последната капка млеко директно од тетрапак пакувањето.
- Ситуацијата кога на телефон ви се јавува личноста за која пред малку зборувавте.
- Погледот кон преубавото изгрејсонце, кое ги изненадило сите во сред студената зима.
- Чувството кога ја гледате вашата родна населба од прозорчето во авионот кој полека се приближува до аеродромот.
- Смешната ситуација кога некое малечко дете ви ги покажува неговите „мускули“.
- Чувствувањето на врелиот песок под вашите стапала кога сте на плажа.
- Моментот кога си ги „бистрите мислите“ додека стоите долго под жешкиот млаз вода од вашиот туш.
- Моментот кога сфаќате дека сè уште силно се смеете на истите шеги на кои сте се смееле додека сте биле дете.
- Убавината на долгата, релаксирачка прошетка и вдишувањето кислород, без да имате ниедна дестинација на ум.
- Чувството кога ќе се занесете на подиумот играјќи на вашата омилена песна.
- Забавните ситуации кога измислувате сопствени „кованици“ од зборови.
- Чувството кое го имате во текот на „хард кор“ возењето во задниот дел од камион.
- Моментот кога доаѓате дома после напорниот ден, ја соблекувате крутата облека која сте ја носеле и ги облекувате вашите стари, искинати, но екстра удобни тренерки.
- Чувството кога се будите наутро и сфаќате дека немате што да правите во текот на наредните 5 часа.
- Моментот кога треба да го изедете првото мало оброче после оправувањето од стомачен вирус.
- Ситуација кога тотален странец кој чека ред на каса во маркет за да купи 20 производи, ве пушта преку ред бидејќи вие држите само неколку во рака.
- Радоста која ја чувствувате кога ќе откриете нов скратен пат за да ја избегнете гужвата во секојдневната релација од дома до училиште/работа.
- Задоволството кога сте имале одлична изведба на сцената, после нервозната и напната атмосфера на генералната проба.
- Деновите кога одите да прошетате во природа, на некое место кое е тотално отцепено од цивилизација и од „технолошкото лудило“ кое човештвото го создаде.
- Возбудата која ја чувствувате кога гледате во бурното невреме со грмотевици, преку прозорецот од вашиот безбеден дом.
- Оние среќни утра кога се будите и ги чувствувате оние „позитивни вибрации“ и се чувствувате фантастично.
- Сатисфакцијата кога ќе се „надградите“ себеси со некоја нова способност која сте ја стекнале без ничија помош.
- Ретките родендени кога ќе успеете да ги дувнете сите свеќички одеднаш на вашата торта, додека замислувате желба.
- Слаткото чувство кога конечно ќе си легнете во вашиот удобен кревет, ќе се покриете со ќебе и ќе ја извадите едната нога надвор за да си ја оладите.
- Чувството кога повторно се сретнувате со пријател од детството и сфаќате дека сè уште имате нешто заедничко.
- Моментот кога сфаќате дека после 20 години уште ги чувствувате „пеперутките во стомакот“ кога ја сретнувате вашата љубов од младоста и покрај тоа што сега имате 3 големи деца.
- Моментот кога ви е интересно што стопениот кашкавал на вашата пица се растегнува повеќе од вообичаено.
- Чувството кога се погледнувате во огледало и констатирате дека мозолчето кое ви се појавило вчера, речиси и да го нема.
- Чувството кога имате подолга попладневна дремка одошто сте планирале и се чувствувате како милион долари кога ќе се разбудите.
- Љубовта и возбудата која секогаш ви ја покажува вашето куче, без разлика дали ве видело пред 5 минути или пред 5 дена.
- Забавните ситуации кога свирите на замислена гитара или тропате на замислени тапани додека свири вашата омилена песна.
- Ситуацијата кога можете да го чуете биењето на срцето на некој друг.
- Чувството кога гледате во чистата невиност која ја има новороденото бебе.
- Моментите кога некој во ваша близина почнува толку силно да се смее, што ве тера да почнете да се смеете и вие и покрај тоа што не знаете што е тоа што е смешно.
- Чувството на задоволство кога гледате дека на некој му се допаѓа подарокот кој сте му го подариле.
- Оние денови кога нема да ги соблечете вашите пижами повеќе од 30 часа.
- Чувството кога пеете и играте на гласна музика додека сте сами дома и потоа сфаќате дека вашата сестра или брат веќе 5 минути ве гледа и ви се смее.
Што би додале на листава?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
чувството коа ќе прегрнеш некој што не си го видел долго време.
чувството коа ќе положиш испит за кој си бил сигурен дека ќе паднеш.
чувството кога нашите најсакани личности ни докажуваат колку многу им значиме ние на нив…..
Чуството кога ке ги соблечеш штиклите после саати поминати во преполна дискотека.
Чуството кога учиш заедно со колегите и сваќаш колку ти се блиски и сакани, како и моментите на лудост кога спремаш испит деноноќно.
Чуството уште во првата минута кога ке заврши колоквиумска недела. :))
Чувството после напорен тренинг :))
Чуството кога сите околу нас се среќни 🙂
Чувството коа комшијата буши у стан и ја нарушува вашата планирана попладневна дремка 🙂
чуството коа ќе ги собереш сите потписи на крај од семестарот 😀
чувството кога си ја исплакал мачката/кучето оти избегало и наеднаш се појавува на врата… и со мачка и со куче ми се има десено 😀
Чувството кога ќе постигнеш неверојатен гол, или кога твојот тим ќе даде гол у 90та минута!
или ке го победат manchester! 🙂
yeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee! 🙂 THE BEST!
Cuvstvoto na svesnost nad sopstvenoto telo ,opustanje i prekrasnoto cuvstvo za energija za vreme na cas po joga koe nemoze da se opise ,tuku treba a se dozivee :))
чувството кога ке видиш добра риба во автобус 😉
Чуството кога ќе се најадеш и кога со полн стомак ќе легнеш и чекаш да ти спадне јадењето !
i se e dzabe ako vo mislite ti stoi ‘kaj ke najdam pari za smetkata za struja’…….
ali i toa e custvo…
Оние нешта кои не можат да се купат со пари, можат да се купат со мноооооооогу пари :))
поздрав до сите
чувството кога седиш во преполн автобус!
чувството кога ќе прднеш на час и никој незнае дека ти си прдна..а мноогу смрди! ::P
cuvstvoto koga kje najdes mesto vo avtobus na jsp vo petok vo 12 na pladne…
Чувството кога саканиот те чешка во косата
Чувството кога ќе станиш на сабајле и ќе видиш дека имаш уште еден час за спиење (пред да тргниш за на работа/училиште)
Чуството кога чуствуваш…
Luge bre mnogu custvuvate
P.S. Ne treba nisto da se dodade :*
Samo eden bi kazala:
Custvoto koga na patot ke najdes 1000 denari 😀
Cuvstvoto koga nekoj krie nesto od tebe i misli deka neznaes:)
Ситуација кога малечка бубачка лази по мониторот на вашиот компјутер и вашата прва реакција е да се обидете да ја исплашите со мрдањето на курсорот.
hahahahahahahahahahhahahahaahhaha
Cuvstvoto koga na utro ke vidis pajak vo WC i ocekuvas narednite denovi da ti se sluci nesto ubavo…:D
Чувството кога ќе те разбудат со бакнеж
Мирист на парфемот на мајка ти кој необјасниво ја исполнува собата откако ќе и мафнеш од прозор за на работа
Чувството кога некој ке ти ги избрише солзите од лицето
Чувството на туѓиот здив на твојот врат
Чувството кога знаеш дека си сакан…
Чувството кога со пријателите си поминувате најубаво и најзабавно без разлика шо другите околу вас ве сметаат за будали.
custvoto koga ke slusnes pesna od tvoe vreme
custvoto koa kje vidis kolku custva ima napisaano so kje pomislis dali ima vreme bez custva -_-