Оние кои се во здрава љубовна врска не ги прават овие 5 нешта: Откријте дали сте меѓу ретките
Можеби сте заедно со години, па дури и децении, а можеби и само неколку месеци. Но, дали сте вистински и сериозен пар во здрава и исполнета љубовна врска? Ако одговорот е позитивен, тогаш сигурно не ги правите овие 5 нешта…
Не спомнувате стари караници и проблеми
Сите несогласувања од минатото досега треба да бидат решени, без разлика на тоа како влијаеле врз вас. Доколку сè уште не се решени и постојано имате потреба да ги спомнувате, тоа воопшто не е здраво за вашата врска, бидејќи едноставно нема да можете да продолжите понатаму.
Искрено се извинувате кога навистина сте згрешиле
„Извини, ама и ти…“ не е вистинско извинување. Овие изјави само водат кон нови караници и расправии. Доволно е да кажете само еден збор, „извини“, без никакво дополнително објаснување или оправдување доколку навистина го мислите го тоа.
Не го обвинувате вашиот партнер за сите лоши нешта во вашата врска
Исто како и во животот, така и во врските, секоја приказна има две страни. Паровите во здравите љубовни врски ја делат одговорноста за своите постапки и детално разговараат за сè што се случува помеѓу нив. На овој начин заеднички и смирено ги решаваат своите проблеми.
Не се омаловажуваат
Паровите во здравите врски се обидуваат да бидат што можат подобри едни кон други, како и позитивно да влијаат врз својот партнер. Тие исто така се обидуваат секогаш да бидат позитивни и оптимистични, дури и во најтешките времиња.
Не го губат своето „јас“
Убаво е да се биде во пар, но притоа многу е важно да не си изгубите себе, како и да не го занемарите вашето семејство, пријатели, хобија и сите оние нешта кои вистински ве усреќуваат. Паровите во здравите врски го задржуваат своето мислење и хобија, како и односите о најблиските, без разлика на партнерот.