Оние кои не се зависни од телефонот знаат дека...

Оние кои не се зависни од телефонот знаат дека…

Ако разбирате како е да се живеат ситуациите од следните редови, тогаш може да се пофалите дека не сте зависни од вашиот телефон. Тогаш вие разбирате дека…

Оние кои не се зависни од телефонот знаат дека...

1. Телефонот треба да се користи само кога не можете да се видите лице в лице со некого.

2. Телефонските разговори, СМС пораките и четот на социјалните мрежи служат за да се договараат средби, а не за да се заменуваат.

3. Знаете лесно да направите муабет без да се криете зад тастатурата.

4. Знаете да почувствувате кога ви треба време офлајн.

5. Лесно заспивате и без да се „релаксирате“ ѕверејќи се во телефонот пред легнување.

6. Не го користите телефонот додека сте во бањата.

7. Ви пречи тоа што многумина околу вас постојано се загледани во телефоните.

8. Не ве боли вратот како луѓето кои постојано се наведнати при пишувањето СМС пораки и четувањето на Фејсбук.

9. Сè уште добро гледате без очила, а ако веќе ги носите тоа не е поради гледањето во екранот.

10. Не сте вознемирени ако неколку часа или два дена не проверите дали некој ви се јавил или ви пишал на Фејсбук.

11. Вашата љубовна врска не трпи поради поминување премногу време онлајн.

12. Не чувствувате потреба веднаш да одговорите на сите пораки, освен ако не се итни.

13. Не ви е проблем да го исклучите телефонот на неколку часа кога околностите го налагаат тоа.

14. Знаете како да си го организирате слободното време, а тоа да не вклучува употреба на некој уред со пристап до интернет.

15. Чувствувате дека живеете забавен живот.

16. Немате т.н. синдром на фантомски телефон. Зависниците кои страдаат од него чувствуваат вибрирање на нивниот телефон дури и кога не се случува тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар