Омилениот утрински ритуал: Зошто сите ние толку многу го сакаме кафето?

Омилениот утрински ритуал: Зошто сите ние толку многу го сакаме кафето?

Нашите утрински ритуали не можат да се замислат без филџан кафе. Кафето има скоро инстантно дејство и за 15 до 30 минути го доведува организмот во состојба на будност, но и на целосна подготвеност за менталните и физичките напори. И тоа го прави во секоја доба од денот кога ќе го консумираме, а не само наутро! Според експертите, не смеете да надминете повеќе од 400 милиграми кофеин дневно, што би било од 4 до 5 филџани во текот на денот, додека за трудниците се препорачува половина од оваа количина, односно максимум 200 милиграма дневно. Секако, сето ова важи под услов кафето да е единствениот извор на кофеин.

Feshly brewed espresso

Пиењето кафе често се смета за добра навика бидејќи е сјаен извор на антиоксиданси – тоа содржи дупло повеќе од чајот. Секако дека најдобро е наутро истовремено да обезбедите и „гориво“, односно доволно енергија преку храната за зголемената работна способност за организмот да не работи на празно. И повеќе повторената препорака на сите експерти за храна – не започнувајте го денот без појадок без разлика дали ќе пиете кафе или не. Кафето ја стимулира и работата на желудникот, но и празнењето на цревата, кај некои луѓе, но долгорочно не доведува до лоши промени ниту на желудникот ниту на хранопроводникот. Реакцијата на утринското кафе најчесто е последица на промени што веќе постојат во желудникот, па затоа се смета и за ран сигнал за посета на доктор. Да ја скратиме долгата приказна, кафето не ги намалува позитивните ефекти на храната која од својата страна дава потребен стимуланс за воспоставување на добриот дневен ритам за работа на целиот организам.

Инаку, кофеинот кој е стимулативна супстанца делува преку центарот во префронталниот дел на мозокот, кој е и „командниот“ центар на целиот организам. Така тој успева истовремено да обезбеди будност, подобра моторика, подобар енергетски метаболизам, концентрација, како и подобра целосна работна способност. Пациентите кои се на диета поради прекумерна телесна тежина, честопати прашуваат дали можат да пијат кафе. Во таа ситуација треба да се пие без шеќер. И генерално, луѓето кои се навикнати да пијат кафе, нека се опуштат и уживаат. Кафето во вообичаени количини не доведува до никакви лоши последици по здравјето – тоа е она што медицината сега засега е сигурна.

4-omileniot-utrinski-ritual-zoshto-site-nie-tolku-mnogu-go-sakame-kafeto-www.kafepauza.mk_

Додавање млеко во кафето е прашање на вкус, а не на здравје. Постојат многу кафиња кои се пијат на тој начин. Млекото сигурно не штети, бидејќи неговите протеини се врзуваат за хлорогенската киселина што на некои „чувствителни“ стомаци им одговара, особено наутро на празен желудник. Кој сака, слободно може, а инаку силното црно кафе е благотворно за стомак, па ако ви се допаѓа така, подобро е да го изберете овој начин на консумирање.

Сето она што се додава во храна или во пијалак, а не знаеме што е, може да биде опасен ризик по здравјето. Ова важи и за „фалсификуваните“ кафиња. Во литературата има податоци дека се става дури и прашина во меленото кафе за поголема тежина. Кога станува збор за декларираните сурогати, замени, начесто тоа се житарки како што е јачменот. Тие им звучат на луѓето баш привлечно и „здраво“. Проблемот е што на високи температури, кои инаку не се пременуваат во пекарската индустрија, веќе при самото пржење на напивката, ослободуваат диоли, високи канцерогени материи и тоа во доста големи концентрации. А, тоа секогаш е знак за паника! Друга честа замена е цикорија и овде се предупредуваат само младите жени, бидејќи е докажано дека таа доведува до продолжени крвавења, како и спонтани абортуси. Овие и некои други замени не се забранети по закон, но задолжително е да бидат наведени на декларацијата на производот.

2=omileniot-utrinski-ritual-zoshto-site-nie-tolku-mnogu-go-sakame-kafeto-www.kafepauza.mk_

Како некој да биде сигурен, особено кога е во прашање веќе сомеленото кафе? Тогаш е скоро невозможно да ја препознаете разликата со вашите сетила. Денес, секако постојат лабораториски методи да се докаже сето тоа, но ние како потрошувачи го немаме тој избор. Нашиот совет за сите прехранбени производи е да се држите до реномираните произведувачи. Тие имаат контрола на квалитетот, водат смета за потеклото на суровините, и она што е најважно – со какви било лаги ризикуваат да изгубат многу, дури и само доколку една супстанца е неисправна.

Целта на оние за кои продажбата на кафето е привремена е брзата заработка, па тие многу често додаваат разни евтини суровини. Токму затоа и најдобро е кога купувате кафе во зрно – многу е тешко да ви подметнат нешто без да забележите! Во секој случај држете се до реномирани произведувачи и уживајте во својата омилена напивка без грижа на совеста – кафето е добра „здрава“ навика!

Прочитајте ги и овие 20 неверојатни факти за кафето!

3-omileniot-utrinski-ritual-zoshto-site-nie-tolku-mnogu-go-sakame-kafeto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар