Огледало: Психолошка вежба за повикување позитивни емоции
Погледнете се во огледало, а потоа направете нешто. На пример, земете подарок во вашата рака и пружете ја кон огледалото. Што ќе видите? Ќе видите рака која е насочена кон вас. Доколку се насмеете, ликот во огледалото ќе ви возврати на насмевката. Доколку оставите впечаток на депресивна и мрачна личност, истото ќе го добиете назад. Сè што ќе направите, сè ќе ви се врати на истиот начин.
Додека се гледате, замислете некоја сцена од вашиот живот која се одвива пред огледалото, на пример, однос со некоја личност. Замислете ги сите оние нешта кои сте ги чувствувале за оваа личност, почнувајќи од љубовта, па сè до неисполнетите очекувања и негативните емоции. Ние имаме навика во односите со луѓето најчесто да ја препознаваме само нашата страна и според тоа да имаме свои очекувања, услови и критериуми кои не соодветствуваат со реалноста.
Токму затоа погледнете сега кон тие очекувања, седејќи пасивно од другата страна и чекајќи некој друг да направи нешто што ќе ве усреќи или исполни. Со ова однесување вие очекувате оваа личност да ве сака, да ги исполни вашите надежи, соништа, желби… Вие давате знак дека не сте задоволни со неговото/нејзиното однесување, дека сте неисполнети, несреќни, отфрлени… Доколку истиот овој став го емитувате кон парите и чувствата на сигурност (немам, ми недостасува) и доколку секоја ваша мисла започнува со негација, тогаш што би добиле назад? Истото кое и вие го вложувате од оваа страна. Сè она што сте го испратиле кон огледалото ќе ви бидете вратено назад, ни помалку ни повеќе. Тоа претставува непосредно искуство и одговор на животот. Сите наши искуства ќе одат во тој правец во кој ние ги испраќаме, па доколку сме неисполнети и незадоволни, како можеме да очекуваме да добиеме нешто позитивно за возврат?
Токму затоа, на крајот од секој ден, застанете пред огледало и поставете си ги прашањето: „Што сум направил/а денес со своите дела, мисли и чувства?“ Размислете добро, а потоа одговерете си имајќи на ум дека она што сте го вложиле во светот, во иста мера ќе ви биде возвратено назад.