Одвојте 10 минути дневно за вашето здравје
За будење на организмот и зајакнување на вашиот имунитет потребни ви се само 10 минути дневно. Затоа заборавете на изговорите и почнете да мислите на вашето здравје.Една минута за смеење: Само 60 секунди му се доволни на мозокот за да почне да лачи ендорфин, кој ги опушта мускулите.
Три минути за појадок: За брз и здрав појадок спремете јајца. Тие се богати со хранливи состојки, лесно се подготвуваат, а се погодни и за оние кои сакаат да ослабат.
Пет минути за физичка активност: Само пет минути вежбање дневно можат да имаат позитивно дејство на вашето здравје и да го покренат метаболизмот. Познатиот тренер Бен Гринфилд советува секое утро да правите 25 кратки скокови, 20 стомачни, 10 лесни склекови и 15 сквотови.
Една минута за заблагодарување: Научете да кажувате благодарам. Не само што ќе му го подобрите расположението на оној што му ја упатувате благодарноста, туку ова магично зборче ќе има многу позитивно влијание и на вашето здравје. Разбирањето и вреднувањето има позитивен ефект на срцето и го зајакнува имунолошкиот систем.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.