Одржете баланс кога сте зафатени: 5 ефективни решенија за да се чувствувате подобро

Одржете баланс кога сте зафатени: 5 ефективни решенија за да се чувствувате подобро

Живееме во суров капиталистички свет каде што професијата и парите имаат приоритетно место. Постојано брзаме да завршиме сѐ. Безброј пати досега ни се случило попрво да го провериме телефонот за нови мејлови и пораки отколку да измиеме заби или воопшто да станеме од креветот. Денешниот човек е затрупан со обврски и стрес, но секогаш има начин како да се излезе од тоа лудило. Следете ги нашите 5 ефективни решенија и ви ветуваме дека ако ги применувате овие совети ќе се чувствувате подобро.

Одржете баланс кога сте зафатени: 5 ефективни решенија за да се чувствувате подобро

1. Уживајте во миг на тишина

Одберете момент од денот и едноставно затворете ги очите. Концентрирајте се на дишењето и пробајте да медитирате. Најдобар почеток е да дишете низ нос полни две минути без притоа да мрдате. Ова е ефективна и едноставна вежба која го смирува мозокот и нервниот систем. Ако не сте обожаватели на медитацијата, направете си чај, читајте или правете нешто што целосно ве релаксира. Пуштете си музика за релаксација и едноставно одморете од сѐ. Го заслужувате тоа.

2. Движете се

Секојдневното вежбање го намалува стресот и можноста за анксиозност, чии нивоа се високи на луѓето кои постојано работат. Под движење подразбираме дури и одење околу зграда или практикување јога. Ако сметате дека никогаш не би можеле да се навикнете на вежбање, тогаш грабнете некоја од другарките и трк на час по танцување. Одлична идеја се часовите по модерни танци, салса или спортските танцови. Алтернативно решение е да пуштите музика дома и едноставно да се движите по ритамот на музиката. Бидете активни затоа што тоа ќе ви донесе енергија и значително многу ќе го намали стресот. Плус, ако вежбате наутро нема да се чувствувате виновно ако не отидете во теретана после работното време.

Одржете баланс кога сте зафатени: 5 ефективни решенија за да се чувствувате подобро

3. Појадувајте

Сигурно досега милион пати сте читале колку е важен појадокот за организмот. Епа почнете да го практикувате бидејќи бенефициите од појадокот се бескрајни. А една од најголемите придобивки е тоа што појадокот го доведува до рамнотежа крвниот шеќер. Ако крвните вредности ви се изместени уште од утрото, тогаш мали се шансите дека ќе ги регулирате во текот на денот, што значи дека целиот ден ќе носите погрешни одлуки поврзани со храната што треба да ја јадете. Одвојте време за да направете листа на појадоци. Пример, кајгана со зеленчук и парче тост можат да направат голема разлика во вашиот ден, а ќе ви биде потребно помалку 10 минути за да ја приготвите. Исто така, ви нудиме и листа на други здрави појадоци. Ваше е само да ги подготвите.

4. Насмевнете се

Ако се фатите себеси дека сте хаотични и под голем стрес едноставно насмевнете се. Обичната насмевка ќе ве расположи, па дури може и да ви ја олесни работата. Таа го поттикнува имунитетот, ослободува серотонин (хормонот кој е одговорен за доброто расположение) и ја поттикнува вашата благосостојба. Звучи премногу едноставно за да биде вистинито? Можеби, но голем дел од балансот за време на работните недели бара да излеземе надвор од удобната зона и да пробаме нови нешта. Па, следниот пат кога ќе ви биде потребна доза енергија и освежување, насмевнете се и видете што ќе се случи.

5. Технолошка детоксикација

За да се одморите, едноставно мора да се исклучите од социјалниот свет. Одберете барем по неколку часа, додека сте дома да го исклучите телефонот, компјутерот, таблетот и останатите технолошки предмети. Потсетете се дека веднаш само што ќе станете проверувате мејлови и пораки. Веднаш почнувате да чувствувате притисок дека мора сѐ да завршите. Исклучете се. Следните пет дена почекајте барем 10 минути откако ќе станете пред да го проверите телефонот. Запознајте се себеси на едно подлабоко ниво пред да се препуштите на хаосот. Забележете ги вашите мисли и вашите чувства. Добра идеја е да пишувате за нив. Сѐ може да почека и ништо не е поважно од вашето здравје. Одвојте си време за себе, нема ништо поважно од тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар