Одри Хепберн ни ја открива тајната на здравиот живот

Одри Хепберн ни ја открива тајната на здравиот живот

Одри Хепберн e холивудската дама чие име стои како синоним за добриот стил. Таа водела здрав живот и ги правела не само оние работи кои се здрави и позитивно влијаат врз организмот и телото туку и оние работи кои ја правеле среќна. Позната е по нејзините иконски улоги и хуманитарната работа и до денес е пример кога станува збор за физичката, но и внатрешната убавина. Во продолжение прочитајте дел од филозофијата за здравјето и правилната исхрана на Одри Хепберн која ја открива нејзиниот син, Лука Доти.

Одри Хепберн ни ја открива тајната на здравиот живот

1. Пијте многу вода. Одри инсистирала секој да пие повеќе вода и имала големо влијание врз своите пријатели и познаници, а најмногу консумирала овошје.

2. Јадете месо, но помалку. Одри јадела месо, но во помали количини. Дури 80% од нејзините оброци се состоеле од овошје и зеленчук.

3. Не плашете се од стареењето. Одри имала една многу здрава верзија на својот живот и воопшто не се плашела од староста. Се разбира како и секоја жена се жалела на брчките и белата коса, но вистински уживала во секоја од своите години.

4. Компирот како неизоставен дел од секој оброк. За неа компирите биле незаменливи и скоро секогаш присутни на нејзиното мени.

5. Уживајте во малите работи. Одри имала позитивен поглед на животот. Секогаш била таква како што и изгледала – наивна и насмеана. Секогаш кога ќе откриела нешто ново, ќе отишла на пазар или ќе пронашла некој нов рецепт, била возбудена како мало детенце. Го сакала животот и се радувала на секој нов ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар