Однесувајте се мудро: Не извршувајте ги сите обврски веднаш, оставете нешто и за утре!

Однесувајте се мудро: Не извршувајте ги сите обврски веднаш, оставете нешто и за утре!

Важно е да бидете реални во сѐ што правите. Доколку се будите нервозни и мислите дека нема да ги извршите сите обврски кои ве чекаат тој ден, размислите за тоа некои од нив да ги оставите за утредента. Не станува збор за одложување, туку за мудро управување со обврските. Со цел да ви помогнеме со продуктивното организирање на времето, споделуваме 5 начини на кои одложувањето на обврските за наредниот ден е одличен избор.

2-odnesuvajte-se-mudro-ne-izvrshuvajte-gi-site-obvrski-vednash-i-sega-ostavete-neshto-i-za-utre-www.kafepauza.mk_

1. Ослободете се

Не можете да бидете ефикасни доколку вашиот ум е константно под притисок од обврските. Намалете ја тензијата и рационално одлучете дел од обврските, односно оние кои не се многу итни и важни, да ги оставите за наредниот ден.

2. Преминете на главната работата

Не дозволувајте неважните работи да се најдат на вашата листа со обврски. Нека на неа се најдат само главните 3 до 5 обврски.

3. Елиминирајте ги пречките

Сето она што може да ви го попречи вниманието и да ве оттргне од главниот пат мора да биде одложено. Во текот на работното време фокусирајте се само на најважните задачи. Не занимавајте се со мултитаскинг и извршувајте само една обврска, а потоа откако ќе ја извршите, започнете со нова. Но, и намалете го бројот на обврски во текот на денот.

1-odnesuvajte-se-mudro-ne-izvrshuvajte-gi-site-obvrski-vednash-i-sega-ostavete-neshto-i-za-utre-www.kafepauza.mk_

4. Не мора сите задачи да бидат завршени

Кога подобро ќе ги разгледате обврските, ќе сфатите дека некои од нив едноставно не мора да се извршат, туку со тек на време исчезнуваат или се решаваат сами од себе. Најдобро би било таквите работи да ги распределите. Не мора секоја обврска рачно да се заврши, само затоа што се ја ставиле на листата.

5. Бидете реални кога е во прашање вашето време

Управувањето со времето својот клуч го крие во балансот. Доколку сакате да направите сѐ одеднаш или ќе направите нешто погрешно или нешто нема да постигнете. Бидете реални кога е во прашање вашето време и обврските кои ги имате во текот на денот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар