Одморете ги вашите очи со помош на овие корисни вежби
Доколку вашата работа се состои од долги часови гледање во компјутер, тогаш токму овие вежби се вистинското нешто за вас. Со нивна помош ќе успеете да ги одморите вашите очи, пред да продолжите со работењето.
Секоја од овие вежби повторувајте ги по пет пати.
1. Главата нека ви стои мирно, вдишете длабоко и погледнете накај таванот. Издишете, па погледнете во подот.
2. Вдишете и погледнете на десно, па потоа издишете и вратете го погледот на средина. Потоа, повторно вдишете и погледнете на лево.
3. Вдишете и погледнете во горниот лев агол, па издишете и погледнете во долниот десен агол. Откако ќе ја повторите оваа вежба пет пати, повторете ја и со останатите два спротивни агли.
4. Направете пет кружни движења со очите на една страна, па потоа на другата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.