Одморете ги градите: 5 начини да излезете од дома без градник
Зарем постои поубаво чувство откако по напорниот ден се вратите дома и го соблечете градникот? Тој е создаден за да им овозможи поддршка на нашите гради, додека истовремено ја зголемува женската самодоверба. Имајќи го тоа на ум, постојат ситуации кога слободно можете да излезете без градник и да уживате во слободата која доаѓа со оваа прошетка.
Дури и науката докажала дека одвреме-навреме е добро за вашите гради да се движите без градник. Имено, кога постојано носиме градник, мускулите на градите се опуштаат, па постои поголема шанса тие побрзо да виснат. Затоа дами грижете се за вашите гради и што почесто уживајте во слободата на следниве неколку начини!
1. Закопчана тексас или кожна јакна
Тесната јакна што е припиена за телото ќе им овозможи на градите доволно поддршка, додека истовремено од крутиот материјал нема да може да се забележи дека не носите градник.
2. Слоевита модна комбинација
Колку повеќе слоеви имате, толку понезабележливи ќе бидат вашите гради. Без разлика дали имате големи или мали гради, со доволно слоеви лесно можете да го скриете фактот дека се движите без градник.
3. Блузи со метални апликации во пределот на градите
Блузите со големи апликации се повторно во тренд и оваа сезона, па доколку изберете модел со метални апликации сместени во пределот на градите, слободно можете да ја носите и без градник. Робусните метални апликации ќе ги скријат сите знаци дека одоздола нема ништо!
4. Боди
Боди – овој модел е повторно многу модерен, а неговото носење ќе ви овозможи совршена шанса за да ги одморите градите од градниците. Тоа ќе им ја даде потребната поддршка на вашите гради, а над него е доволно да облечете некоја едноставна маичка или пролетна јакна.
5. Широка блуза од дебел материјал
Ако имате големи гради можеби не би можеле да се извлечете со овој трик, но дамите со помали гради лесно можат да скријат дека не носат градник доколку облечат широка блуза или маица од подебел материјал.
Прочитајте и како да најдете градник кој навистина ќе ви биде точен!