Претходно
Одлични за мезе: Рецепт за брзи и солени стапчиња
Овие брзи и лесни стапчиња се одлични за мезе, како и за грицкање додека уживате во омилениот филм или серија!
Потребни состојки:
- 125 г маргарин
- 400 г брашно
- 2 јајца
- 1 лажичка сол
- 1/2 ќесичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Изматете го маргаринот со едно јајце и сол, додадете брашно и прашок за пециво.
- Расукајте го тестото со сукало на набрашнета површина и премачкајте со другото изматено јајце.
- Кога тестото станува густо, завршете го месењето со рака.
- Посипете со додатоци по вкус и избор: ким, кари, оригано.
- Потоа, тестото се сече на стапчиња и се реди во плех обложен со хартија за печење.
- Печете кратко, петнаесетина минути, додека не поруменат.
- Исто така е убаво да се попрскаат стапчињата со пармезан, но потоа да го направите тоа кон крајот на печењето.
Пробајте го и овој рецепт за арапски палачинки со крем сирење.