Одлични трикови за организирање на гардероберот кои мора да ги испробате

Одлични трикови за организирање на гардероберот кои мора да ги испробате

Да, за секоја жена организирањето на гардероберот е кошмар! Во состојба сме да купуваме и купуваме, да насобираме и насобираме работи во гардероберот, а потоа до бесконечност да го одложуваме моментот кога сето тоа ќе го средиме и здиплиме. Можеби ви е досадно, но средувањето на гардероберот ќе ве чека, одложувале вие или не.

Со помош на овие мали трикови и совети ќе го организирате вашиот гардеробер на лесен и брз начин.

2-odlichni-trikovi-za-organiziranje-na-garderoberot-koi-mora-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

Сортирање во купови: Започнете така што сè, буквално сè од гардероберот ќе префрлите на креветот. Потоа започнете да ги групирате: маиците во еден куп, блузите во друг, панталоните во трет и така натаму, сè додека не ја прегрупирате целата облека. Поделбата на облеката за преку ден и навечер или зимска и летна облека е исто така корисна за снаоѓање подоцна.

Средување на куповите: Сега сите тие купови „прочистете“ ги и исфрлете сè што не ви се допаѓа, ви е мало или не го носите. Не, нема да ви затреба и не, нема да го носите, ако веќе не сте го носеле со години.

Организирање по категории: Бидејќи веќе направивте купови, а потоа го исфрливте вишокот облека од секој од нив, сега започнете уредно да ја диплите облеката по категории. Панталони, блузи, џемпери и се така додека не распределите сè.

Организирање по боја: За да ви биде уште полесно да се снајдете, облеката можете да ја организирате според боите.

1-odlichni-trikovi-za-organiziranje-na-garderoberot-koi-mora-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

Кога сето тоа ќе го средите, можете да започнете да го средувате гардероберот. Нека на секоја полица биде ставена само една категорија облека, а во убави кутии можете посебно да ја спакувате вашата долна облека, чорапи, марами и слично.

Ако имате повеќе исти работи, на пример неколку идентични бели блузи, намалете го бројот на дупликати на минимум. Не ви се потребни толку исти работи, а исто така, тие само ви прават гужва.

Направете попис на својата облека: Слободно забележете сè што ви е потребно, а што веќе имате. Така својот шопинг во иднина ќе го направите рационален и покорисен.

Претпоставуваме дека во текот на овој процес сте пронашле многу работи кои долго не сте ги носеле, а многу ви се допаѓаат. Ставете ги на врвот на купот, за да ви бидат „пред очите“ кога следниот пат ќе се пожалите дека нема што да носите.

Сега, кога сè е уредно и организирано – време е за ново пополнување на гардероберот! Бидејќи сега имате доста слободно место! Да, шопингот и средувањето на гардероберот чинат еден маѓепсан круг од кој нема излез…

3-odlichni-trikovi-za-organiziranje-na-garderoberot-koi-mora-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар