Одлични трикови со креда: Ги суши мокрите обувки и ги чисти старите садови!
Кога луѓето ќе помислат на креда, првата асоцијација им е училишна плочка или детска забава во текот на летните месеци. Но, кредата може да биде и тоа како корисна во домот. Овие трикови може да ве спасат во многу секојдневни ситуации.
1. Потемнети метални садови
Металните садови или стариот прибор за јадење го изгубиле својот сјај? Има темни дамки од масло или исушен бигор? Нема проблем. Изрендајте малку креда и прелијте ја со малку вода за да добиете густа смеса. Земете микрофибер крпа, лесно намокрете ја во смесата и со кружни движења измијте ги садовите. За само неколку минути ќе сјаат како нови.
2. Заглавен клуч
Ако клучот ви заглавува во клучалката, поминете со бела креда преку него со цел да го подмачкате. Следниот пат без никакви проблеми ќе ја отклучи бравата.
3. Лоша боја на ноктите
Имате убави и долги нокти, но нивната боја не ви се допаѓа, бидејќи е жолтеникава или премногу проѕирна? Не ви е потребен специјализиран бел молив за нокти. Доволно ви е малку мокра креда и стара четка за заби со која лесно ќе поминете под ноктите. Ноктите ќе добијат прекрасна бела боја.
4. Мрсна дамка на брусена кожа
Ако видите мрсна дамка на омилените обувки или јакна од брусена кожа, не очајувајте. Земете малку бела креда, обојте ја дамката и оставете ја да отстои така десетина минути. Земете стара четка за заби и истријте го вишокот креда. Дамката повеќе нема да се гледа.
5. Замена за коректор
Ако случајно немате коректор, а сте направиле грешка со пенкало, употребете креда за да ја избришете. Немојте премногу да ја притискате хартијата, но преминете над грешката два пати. Вишокот истресете го и пишувајте понатаму.
6. Мокри обувки
Земете една салвета и поделете ја на два слоја. Изрендајте или здробете две креди и ставете по една на секоја од салветите. Потоа соберете ги салветите како мали вреќички и заврзете ги со ластик. Така заврзани ставете ги во обувките и оставете ги некое време, односно во зависност од тоа колку се мокри обувките.
7. Дупчиња на ѕидот
Ја отстранивте старата слика и на ѕидот ве дочекало грдо дупче или пак дупка со изронет дел од ѕидот? Земете обична бела креда и прекријте ја со неа дупката и изронетиот дел од ѕидот. Не е совршено, но барем дупката нема да се гледа од авион.
Кредата служи и како средство за создавање на моќни уметнички дела, а токму сега имате можност да ја погледнете фантастичната уметност од Фестивалот за уметност со креда.