Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Гадењето за време на патување може навистина да ви го расипе одморот. Оваа состојба ве прави толку беспомошни, најмногу бидејќи сте заробени во подвижно возило. За среќа постојат начини да се справите со симптомите и удобно да стигнете до посакуваната дестинација.

Што претставува морската болест?

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Морската болест, или гадење за време на патување, предизвикува вртоглавица, гадење и повраќање. Овој проблем се појавува кај сите лица, но најмногу кај деца, бремени жени и луѓе кои земаат одредени лекови.

Вашиот мозок чувствува движење од сигналите од внатрешните уши, очи, мускули и зглобови. Кога добива сигнали што не се совпаѓаат, добивате морска болест. Ако на пример сте на брод, вашите очи ви кажуваат дека стоите мирно, но внатрешното уво чувствува дека се движите. Ова ги буни сигналите што се испраќаат до мозокот и настанува морска болест.

Кои се симптомите на морската болест?

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Најчестите симптоми на морска болест се:

  • Гадење
  • Повраќање
  • Потење
  • Студена пот
  • Апатија
  • Гушење
  • Зголемена чувствителност на мириси
  • Губење апетит
  • Главоболка
  • Треска
  • Неудобност

1. Погледнете кон хоризонтот и отворете го прозорецот

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Ако сте во автомобил и гледате во подот или во знаците, мозокот најверојатно добива измешани сигнали. Најдобро е да гледате во една точка на хоризонтот за да ги намалите симптомите. Вашиот мозок ќе забележи дека нештата се движат околу автомобилот. Фокусот ќе ви остане во една позиција и ќе се ослободите од неудобноста во стомакот, а истовремено ќе бидете свесни што се случува околу вас. Отворањето на прозорецот исто така ќе ви овозможи и свеж воздух кој ќе ја регулира температурата на телото.

2. Седнете пред или до прозорец

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Седењето на предното седиште ќе ви овозможи добар поглед кон хоризонтот и нештата што се движат околу вас. Кога сте на задното седиште на мозокот му е многу полесно да се збуни. Уште подобро е ако можете вие да возите. Ова ќе ви помогне да преземете контрола и ќе биде речиси невозможно да почувствувате гадење. Ако на вашето дете му се гади, најдобро е да го поставите во средината на задното седиште.

3. Избегнувајте, читање, гледање во телефонот и слично

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Ако поминувате многу време во автомобил, воз или авион, сигурно сте помислиле дека ова е совршен момент за читање или гледање ТВ серии. Но, гледањето надолу е можеби едно од најлошите нешта што можете да ги направите ако сте склони кон морска болест. Вашите очи ќе се чувствуваат како да сте во дневната соба, но внатрешното уво ќе ви кажува дека се движите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар