Oдлични плејлисти за јога, пилатес и трчање

Oдлични плејлисти за јога, пилатес и трчање

Без оглед на тоа колку уживате во тренингот, понекогаш се случува вежбањето да ги доведе во прашање вашите физички и ментални граници. Но, во тоа може да ви помогне добрата песна, која ќе го разгори вашето тело и ќе ви помогне многу брзо да се потсетите зошто толку многу сакате пилатес, јога, трчање или танцување. Повеќето луѓе кога бараат плејлисти за вежбање сметаат дека е важно да имаат побрз и повторувачки ритам, но вистинската песна е всушност онаа што прави да се чувствувате феноменално. Еве неколку плејлисти што може да ви помогнат во тоа!

Хип-хоп јога

Дали сакате хип-хоп и јога? Оваа навидум необична комбинација ве смирува и ве поткрева истовремено. Дајте му шанса на овој интересен музички сет.

Акустичен пилатес

Оваа плејлиста е многу популарна и е доказ дека не мора да се откажувате од акустиката, дури ни кога се истегнувате затоа што овој „побавен“ ритам во никој случај не е демотивирачки.

Powerwalk!

Ако ви треба дополнителен поттик за да трчате, пуштете ја оваа плејлиста.

Beast Mode Dance

Оваа музичка листа ќе ве претвори од демотивирачко суштество во хиперактивно.

Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар