Одлични модни комбинации за преодниот период помеѓу зимата и пролетта

Одлични модни комбинации за преодниот период помеѓу зимата и пролетта

Пролетта најпроменливото време од годината – еден ден е прекрасно, сончево и топло, а другиот ден мокро и толку студено што не ви се излегува од дома. Токму затоа пролетаа знае да биде малку непријатно и непредвидливо време кога се во прашање модните комбинации. Треба да ја споиме желбата за конечно да ги оставиме капутите и дебелите јакни и температурите кои сепак не се толку високи за кратки ракави. Токму поради овој проблем, денес ви даваме неколку модни предлози за тоа што и како да комбинирате од зимската и пролетната облека за модерно и стилизирано да ги дочекате високите температури.

0-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

1. Слоевито, слоевито

Слоевитите модни комбинации мора да бидат на прво место, исто како и за време на есента. Овој начин на облекување е најдобрата одбрана од промената на температурата, ниска наутро и навечер, а повисока во текот на денот. Што и како се облекува слоевито? Сѐ е дозволено, а единствено ограничување е вашата фантазија. Комбинирајте тенки блузи, маици, џемпери и фустани со топли јакни, елеци и шалови.

2-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

2. Пролетни детали

За време на зимата обично носиме потемни бои и потешки материјали, а и модата е некако посуптилна и посмирена во согласност со самото годишно време. Во пролет пак сѐ оживува, па така и модата е поразиграна. А тоа можеме да го забележиме на принтовите кои ги има во сите облици, особено оние во интензивни, силни бои. Токму поради тоа, во оваа сезона поиграјте си со пругите, точките, цветовите и апликациите.

8-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

3. Интензивни и светли бои

Бојата може многу да значи во искажувањето на сопствениот моден израз. Оваа пролет немојте да се плашите да ја комбинирате во сите ваши модни комбинации. Доколку сакате да играте на сигурно, изберете комбинација во иста боја или со спојување на црната или белата. Ако сакате да привлечете поголемо внимание, тогаш испробајте ги комбинациите од кобалтно сина и црвена, розова и портокалова или виолетова и зелена боја. Како и во секоја претходна пролет, доста популарни се и пастелните нијанси и белата боја.

7-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

4. Голем акцент на аксесоарите

Промената од зима на пролет не е прилика за да ја оживеете само вашата облека, туку и модните додатоци, шминката или лакот за нокти. Разиграната чанта во силни бои ќе ја даде потребната свежина на секоја модна комбинација, па дури и ако сте во целосно црно-бела модна комбинација. Всушност, аксесоарите како што се чантата, накитот и чевлите, се најлесниот и најевтиниот начин за да го трансформирате вашиот моден израз.

3-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

5. Лесно и разлетано

Модата во овој период е иста како и природата – сѐ станува поживо и полесно. Во овој преоден период обидете се слоевито да комбинирате што е можно повеќе разлетани парчиња облека – широки, тенки туники и елеци, долги здолништа или фустани. Со нив доста лесно можете да постигнете занимлив изглед кој истовремено ќе ви биде удобен, но и ќе плени погледи.

4-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

6. Дискретно разголување

Немојте веднаш да „скокнете“ во кратки здолништа или кратки ракави. Пролета е променлива и често не е доста топло. Кожата подобро покажете ја дискретно – облечете миди здолниште или фустан која е сѐ уште доволно топол, но сепак ги покажува вашите убави нозе или пак, одлучете се за опцијата разголени стапала – комбинирајте ги вашите омилени панталони и салонки или полуотворени чизми. Сега кога е малку потопло е одлична прилика да облечете некој подебел шал и да покажете малку повеќе од вашето деколте.

5-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

7. Бидете разиграни

Модата е индивидуална и единственото нешто на кое треба да целите кога ќе го градите вашиот сопствен моден стил е тој да биде рефлексија на вас самите. Најдобриот стил е креативен и индивидуален – без разлика дали повеќе сакате класика, елеганција, атрактивност, авангардно… Имајте самодоверба, носете го она што го сакате и во кое се чувствувате најдобро и немојте премногу да размислувате околу тоа што да комбинирате. Подобро фокусирајте се на тоа да ги комбинирате вашите омилени парчиња облека во нови модни комбинации. Играјте си со облеката и добро забавувајте се! Бидејќи, токму тоа е поентата на модата.

6-odlichni-modni-kombinacii-za-preodnata-sezona-od-zima-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

А, доколку барате дополнителна инспирација, тогаш со задоволство ви ги предлагаме и останатите зимски парчиња облека кои можете да ги носите и во текот на пролета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар