Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе - Part 3

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

8. Jealous (Погледнете исечок од спотот)

Грациозност, впечатлив изглед, темна шминка, чипка – изглед инспириран од 19-ти век, односно од викторијанското време. Слободно донесете го во модерниот свет! Едноставен црн фустан со чипка, високи потпетици, двобојна кожна јакна и темен кармин, ќе ви завршат работа.

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

9. Rocket (Погледнете исечок од спотот)

Сексуалност и еротика, можеби нешто што не секој може да го свари дури и во денешно време. Текстот на песната изобилува со загадочни метафори, што може да ве инспирира. Бидете секси „под површината“, а навидум слободно, кежуал и едноставно. Главната поента е дека „жештината“ е резервирана само за една личност во вашиот живот.

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

10. Mine (Погледнете исечок од спотот)

Почетокот на видеозаписот е вистинско уметничко дело, инспирирано од костимите на танчерката Марта Грам. Изгледот инспириран од ова видео би преовладувал со нежни бои, „ефект“ на свила, и едноставност која маѓепсува.

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар