Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе - Part 2

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

4. Blow (Погледнете исечок од спотот)

Совршена, луда диско забава од 70-тите. Опшутете се со весели пастелни бои, пласирано здолниште, корсет со впечатлив дезен и опуштена фризура со локни. Едноставно забавувајте се!

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

5. No angel (Погледнете исечок од спотот)

Главната тема на видеозаписот е урбан, впечатлив изглед, што ги инспирира девојките ширум светот да се истакнат како важен дел од општеството.

За да го доловите овој изглед, одберете кратки тексас панталони, старки и маичка со впечатлив натпис.
Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

6. Yonce (Погледнете исечок од спотот)

Главна тема е уличната мода, и правото на жената да е истакне и да се чувствува самоуверено во сопствената кожа. Слободно истакнете ги облините.

Тесни хеланки, впечатлив црвен кармин, јакна со интересен принт и накит со истакнати геометриски форми, ќе ви помогнат да го доловите овој изглед.

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

7. Partition (Погледнете исечок од спотот)

Повторно главната инспирација се 20-тите години на минатиот век. Истакната сексуалност и женственост се главните теми. Доколку вашиот изглед е инспириран од овој запис, бидете внимателни да биде со вкус. Женственост е едно, невкусна голотија е нешто сосема друго.

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар