Одлични гиф туторијали за плетенки кои лесно можете да ги следите
Расположени сте за плетенка? Погледнете ги овие одлични гиф туторијали кои ќе ви помогнат брзо и едноставно да ја направите вашата омилена плетенка…
ЗА КРАТКА КОСА:
1. Половична француска плетенка како лента за коса
Одберете на која страна сакате ја направите плетенката и поделете ја косата на 3 дела, па одберете го најдесниот прамен и вкрстете го со средниот дел
Одберете го најлевиот прамен и вкрстете го со средниот дел
Како што ќе се движите надолу, така земајте помали прамени од вашата коса
2. Половична плетенка во форма на круна
Поделете ја косата како што тоа секогаш го правите и почнете да правете една обична француска плетенка додека земате делови од косата од предниот дел
Откако плетенката ќе стигне до вашето уво, зацврстете ја косата со еластичен стегач и потоа направете го истото и со другата половина на вашата глава
За крај, земете ги двете плетенки и врзете ги заедно.