Одлични фризури со плетенки за секоја летна прилика
Плетенките се одлично решение за топлите денови, бидејќи ја собираат косата на едно место, со што таа не паѓа по вратот, грбот и рамената. Освен тоа, она што е најважно, со помош на плетенките секогаш ќе имате одлична фризура, како за секојдневни или вечерни, така и за посвечени прилики и разни забави. Доколку ги сакате, денес ви предлагаме неколку идеи за нови фризури кои ги вклучуваат плетенките на 101 начин.
1. Горниот дел од косата заврзете го во опавче, а потоа со еден прамен подвиткајте го стегачот за да не се гледа. Потоа, сплетете го опавчето во плетенка, а на крај малку развлечете ја за да изгледа лежерно.
2. За дневни прилики, соберете ја косата и сплетете ја во плетенка која започнува од половина на главата, а некои прамени дополнително сплете ги и вплеткајте ги во главната плетенка. Сосема опуштена, оваа фризура е совршена за летните денови и лежерните модни комбинации, особено ако станува збор за некој лелеав, цветен фустан.
3. Но, плетенките не се наменети само за некои неформални прилики. Ќе забележите дека многу девојки за својата венчавка ја избираат оваа фризура која воедно вклучува и плетенка. Постојат разни пунџи кои можете да ги направите со плетенки, но и многу други начини за стилизирање на косата, а кои делуваат многу романтично и сосема нежно.
4. Започнете ситна плетенка од челото, која опуштено ќе оди низ главата, а потоа пуштете ја да се шири, додека целата коса не ја сплетете во една поголема плетенка. Секогаш кога правите ваков тип фризури, на крај малку развлечете ги за да ги направите да изгледаат „неуредно“.
5. Во топлите денови пунџите се најдоброто решение, бидејќи косата нема да ви биде пуштена и нема да ви создава дополнителна топлина. Можете да одберете венец околу главата, некоја високо поставена пунџа и слично, бидејќи секоја од нив ќе ви прилега одлично.
Продолжете на следната страница за да ги погледнете преостанатите фризури, во кои со сигурност ќе пронајдете инспирација.