Одлични чаеви против настинка: Бозел, жалфија, нане и шипка

Одлични чаеви против настинка: Бозел, жалфија, нане и шипка

Познато е дека билните чаеви помагаат во зимските месеци кога надвор царуваат настинките и грипот. Жалфијата, нането и мајчината душичка ги убиваат бактериите и ги дезинфицираат дишните патишта. Освен што се вкусни, билните чаеви се најдобар сојузник во борбата против зимските болести, бидејќи го јакнат имунитетот и го забрзуваат лекувањето. Некои чаеви тешко се наоѓаат во вреќичка, на пример, чајот од бозел. Токму бозелот е исклучително ефикасен, бидејќи ја поттикнува циркулацијата, предизвикува потење и го чисти организмот од штетни состојки.

1-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_

1. Чај од бозел

Чајот од цветовите бозел се користи при лекување настинки, грип, бронхитис, кашлица, почетни воспаленија на белите дробови, астма и тешко дишење. Цветовите бозел помагаат при кашлицата и предизвикуваат потење, што значи може да се користат против зголемена температура. Притоа, ги исфрлаат токсините по пат на потење, а сите овие својства го прават бозелот идеално зимско оружје против настинките и грипот. Како да приготвите чај од бозел? Ставете од два до пет грама суви цветови бозел во шолја со врела вода. Оставете да отстои од пет до десет минути, па процедете. Пијте три шолји на ден.

2. Мајчина душичка, жалфија и нане за настинка

Во периодот на чести настинки, воспаление на грлото, бронхитис и синуси докторите препорачуваат да подготвите чај и билни капки од мајчина душичка, жалфија и нане, бидејќи тие билки ги убиваат бактериите, односно ги дезинфицираат дишните патишта. Докторите велат дека чајот од жалфија заради силниот вкус почесто се употребува како вода за миење на устата и гаргара отколку како напивка, а жалфијата ги прочистува дишните органи, го лечи воспалението на грлото, крајниците и слузницата во устата. Жалфијата се вари околу 3 минути за силниот тујон што го содржи барем делумно да испари.

3. Камилица, црн и бел слез за подигање на имунитетот

Камилицата делува против воспаленијата, а белиот и црн слез го олеснуваат искашлувањето. Кај грипот, кој го предизвикува вирус, а не бактерии, се пие чај и се земаат капки за имунитет. Најсилни имунолошки болки се имелата и невенот, а од етерични масла чајното дрво, мајчината душичка, равенсарата и лаванда. Мајчината душичка го зајакнува имунитетот и го олеснува варењето. Во инхалациите помага кај воспаление на синусите и бронхитисот, односно го олеснува искашлувањето. За чај прелијте една лажичка суви билки со шолја врела вода, процедете после десет минути и засладете со мед.

2-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_

4. Нане, маточина и мајчина душичка за превентива

Чаевите од нане, маточина и мајчина душичка се предлагаат да се пијат превентивно, пред да почувствувате какви било симптоми. Највкусна е ментата која во зима делува како природен тоник за јакнење на организмот. Докторите посебно ги нагласуваат чаевите од кората на врба и суручица, бидејќи тие се познати како билен аспирин заради своето својство на намалување на температурата. Овие билки уште од минатото се користат за подготвување на чај кој ги ублажува болките и го подобрува излачувањето на отровните состојки од организмот. Иако кај грипот и настинките може да си помогнете со чаеви, за лекувањето на посериозни болести задолжително е да се посоветувате со вашиот доктор.

5. Кантарион против депресија

Студените, тмурни денови може да предизвикаат лошо расположение и сезонска потиштеност. Најдобар антидепресив е кантарионот. Во текот на зимата редовно консумирајте го овој чај.

6. Чај од мајчина душичка

За инхалација ставете сува билка, на пример мајчина душичка во сад со вода и наведнете се над него со пешкир ставен врз главата. Така лековитата пареа се вдишува и влегува низ порите на кожата, а топлината ги грее синусите.

7. Чај од шипка

Чајот од шипка освежува, го стимулира метаболизмот и ги разградува масните клетки. Шипката е полна со витамини Ц и Б12 и антиоксиданси, па напивките од шипка служат како средство за јакнење на имунитетот. Заради тоа се препишува како дополнително средство во текот на лекувањето и оправувањето.

3-odlichni-chaevi-protiv-nastinka-bozel-zhalfija-nane-i-shipka-www.kafepauza.mk_

8. Бел слез

Чајот од слез е одличен за зимскиот период, а се подготвува така што една лажица корен се потопува осум часа во две децилитри студена вода. Белиот слез најчесто се користи за лекување на дишните органи, кај настинка, грип, воспаленија, бронхитис и за полесно искашлување, а црниот против засипнатост.

9. Зелен чај

Насобирањето на килограмите може да го спречите со пиење зелен чај. Освен тоа, тој го зајакнува природниот имунитет на телото, го поправа чистењето на клетките, го забрзува метаболизмот, благо ја поттикнува концентрацијата и го подобрува расположението. Исто така, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го намалува холестеролот. За најдобри резултати се препорачува да консумирате зелен чај од 2 до 3 пати дневно. Притоа е оптимално да го пиете незасладен.

10. Чај од хибискус

Хибискусот е вреден извор на витамин Ц и флавоноиди кои помагаат при детоксикација на организмот. Чајот од хибискус е диуретик и го намалува чувството на надуеност, а додатен плус дава и фактот дека ја намалува апсорпцијата на масти и шеќери.

Време е да се заштитите од настинките и вирусите, а овие златни правила ќе ви го одбранат телото од настинка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар