Претходно
Одлична нова колекција од незаменливиот Ели Сааб
Интересот за модата на Ели Сааб му се појавил на 9-годишна возраст и тој уште тогаш веќе сам правел фустани за своите сестри. Набрзо неговиот талент се проширил и тој почнал да ги продава своите дизајни на девојките од неговиот град. Денес, Ели Сааб е еден од најуспешните дизајнери на светот и безвремената елеганција на неговите креации продолжува лесно да се забележува и во новата колекција „Resort“ за 2013 година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.