Одлична комбинација која ќе ги изненади вашите најмили: Солена баница со тиква

Одлична комбинација која ќе ги изненади вашите најмили: Солена баница со тиква

После оваа комбинација на сирење и тиква, нема да останете рамнодушни, а ниту пак гладни!

Одлична комбинација која ќе ги изненади вашите најмили: Солена баница со тиква

Потребни состојки:
  • 500 грама тенки кори
  • Тиква
  • 300 грама сирење
  • 3 јајца
  • 1 децилитар кисела павлака
  • Малку пченкарно брашно
  • Малку сол
Начин на подготовка:

За една ролна земете две кори една преку друга, кои претходно сте ги премачкале со зејтин, па ставете фил од рендана тиква каде што сте додале сирење, јајца, кисела павлака и малку сол. По тој фил ставете малку пченкарно брашно и превиткајте ги корите. Подмачкајте го садот за печење и завитканите кори редете ги во круг. Започнете од средината и секоја нова ролна само додавајте ја на претходната. На крај премачкајте ги со зејтин и печете на умерена температура додека не добијат убава, златеникава боја. Потребното време за подготовка е 45 минути.

Потоа, спремни сте да уживате во овој вкусен специјалитет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар