Претходно
Одлична идеја за лесен ручек: Пилешки џепчиња со салата
Имате пилешко, но немате идеја како да го подготвите? Погледнете го овој едноставен рецепт за вкусно главно јадење во кое лесно ќе вклучите и салата.
Ова едноставно јадење е одличен спој на лесно месо (како пилешкото) и вашата омилена салата. Оброкот ќе биде готов за само половина час и ќе нахрани четири лица. Погледнете го овој рецепт, во кој можете да направите измени по желба. На пример, ако не сте обожавател на кремасти преливи, направете свој, а за салата искористете го омилениот зеленчук.
Потребни состојки:
- 400 г пилешки гради
- 80 г црвена пиперка
- 100 г свежо кравјо сирење (кремасто)
- 100 г мешана зелена салата
- 40 г шери домати
- 10 г оцет балсамико
- 50 мл павлака
- 40 г цврст јогурт
- 3 г медитерански билки
- сол, бибер, маслиново масло
Начин на подготовка:
- Исчистете ги пилешките гради на поголеми парчиња, зачинете ги и во секое парче направете „џепче“. Исечете го месото малку од внатрешната страна, но внимавајте да не ја оштетите другата страна на градите.
- Исчистете ги семињата од пиперките. Потоа ситно исечкајте ги, измешајте ги со кравјото сирење, зачинете ги и смесата ставете ја во вреќичка за полнење.
- Наполнете ги градите со смесата и затворете го џепчето од секое парче месо користејќи чепкалки за заби или конец за готвење и игла. Прво, испржете ги на тавата од сите страни, а потоа ставете ги во рерна 15 минути на температура од 180 °С.
- Од киселата павлака, јогуртот, зачините и маслото направете прелив за салата. Измијте ја и исушете ја салатата, додајте ги шери доматите исечкани на четвртини, зачинете со сол, бибер, масло и редукција од оцет балсамико. На крај, исечете го полнетите парчиња месо на медалјони, ставете ги врз салатата и прелијте ги со сосот.
Можеби сакате да го прочитате и рецептот за највкусните лазањи со зеленчук.