Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутина

Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутина

Сè позастапено е тврдењето дека доброто здравје е невозможно да се постигне без воспоставување внатрешна рамнотежа во организмот. Ние ви нудиме лесна идеја како да го постигнете внатрешниот мир и да се ослободите од лутината.

(1) Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутина

Сè што внесуваме во телото со исхраната, преку цревата влегува во крвотокот, а следна најважна станица е црниот дроб. Во тој завршен филтер, се случуваат неверојатно сложени реакции – што да се пропушти, што да се исфрли, преработи или трансформира, а сето тоа со цел да се заштити и зачува организмот од сето она што без никакво размислување го ставаме во уста. Црниот дроб апсорбира хранливи материи од крвта, но истата улога ја има и со нашите емоции.

Поместувањето на киселоста на организмот кон базичните вредности е подеднакво важно и за виталноста, но и за психичкото здравје на луѓето. Бројни испитувања покажуваат на врската помеѓу киселоста на внатрешната средина на телото и појавата на одредени болести. Сè позастапени се тврдењата дека доброто здравје е невозможно да се постигне без воспоставување рамнотежа во однос на киселоста во организмот.

Постигнувањето алкализација на организмот е лесно и достапно, а зависи исклучиво од личната одлука. Затоа е неопходно исхраната да се базира на намирници со висок алкален индекс (најчесто овошје), а таа со висок кисел индекс (кафе, шеќер, месо, тестенини, алкохол) да се сведе на минимум. Следен чекор е оваа поза која брзо ќе го исчисти вашето тело од лутината која ја носите во себе.

Како правилно се изведува вежбата со длабоко вовлекување во седечка положба?

Емоциите како што се лутината, незадоволството и гневот се чистат низ црниот дроб преку гласните жици. Доколку тој процес се блокира, овие емоции се задржуваат во црниот дроб и го оневозможуваат неговото чистење. Токму затоа, желудникот често се поврзува со горчина, таму најмногу се чувствуваат ментални и емоционални обрасци на иритација во однос на други луѓе или ситуации што нè вознемируваат.

(2) Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутина

За правилно да ја направите вежбата со длабоко вовлекување во седечка положба, потребно е прво да седнете со испружени нозе. Десната нога соберете ја кон вас така што петата ќе ви ги допира препоните. Левата нога префрлете ја преку десната и ставете ја на коленото. Десната рака треба да ви биде малку собрана во лакотот и поставена под левиот бут, како да сакате да ја фатите левата рака која е исто така собрана во лакотот и се протега за да ја дофатите десната.

Вежбата треба да ја правите многу полека, внимателно следејќи ги колената, зглобовите, рацете и рамената. Не треба ништо да ве боли. Задржете се во оваа положба, колку што ви е потребно и удобно, полека дишете нежно на нос, а погледот треба да ви оди прво преку левото, а потоа и преку десното рамо. Повторете ја вежбата, но овој пат движете ги нозете во обратна насока.

Ефектот на вежбата: Оваа вежба ја стимулира работата на црниот дроб и органите за варење. Ја поттикнува работата на бубрезите и на тој начин му помага на телото да се ослободи од отровните материи. Ја развива концентрацијата. Го продлабочува дишењето, истегнувањето на рамената и рацете, како и сите мускули во грбот. Ја стимулира животната енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар