Одлична храна која треба да ја пробате - Part 2

Одлична храна која треба да ја пробате во Грција

7. Мусака

(7)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Иако и ова јадење го има кај нас, грчката верзија е побогата со зеленчук. Најчесто користат модар патлиџан, месо и многу сирење и кашкавал.

8. Саганаки

(8)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Ова јадење е всушност сирење пропржено на масло. Најчесто се служи како предјадење. Додајте и малку лимон и бибер, и нема да бидете разочарани.

9. Гиро и суфлаки

(10)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Иако најверојатно знаете, суфлакито е ражнич од телешко, јагнешко, а понекогаш и рибино месо, послужено со салата, и леб со маслиново масло. За гирото нема потреба да зборуваме, бидејќи сигурни сме дека секој кој ќе отиде во Грција, гирото е првото нешто кое го јаде.

10. Грчка салата

(10)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Оваа салата наликува на нашата шопска, но покрај доматите, пиперките и кромидот има и маслинки, крупни парчиња фета сирење, маслиново масло и оригано. Одлична е за топлите летни денови.

11. Ѕаѕики

(11)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Ова е кисело млеко со тревки кое најчесто се служи со месо, леб и салати. Слично е на турското цацик, од кое и потекнува, и најдобро е за консумирање во топлите летни денови.

12. Пастисио

(12)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Ова е оброк од тестенини, мелено месо и бешамел сос. Само порачајте и мала салата со него за да не претерате со јадење.

Доколку сакате да почнете да се храните поздраво, погледнете ја ајурведската препорака за летна исхрана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар