Одличен трик за брзо и лесно вадење на налепниците од стаклените тегли и шишиња
Откако ќе го потрошите тоа што било сместено во теглата или шишето, тргнете ги некаде каде што нема да ви сметаат сè додека не се соберат неколку – доволно за сите да ги сместите во најголемиот лонец во вашата кујна. На овој начин можете да отстраните повеќе налепници одеднаш за да заштедите време.
Откако ќе соберете неколку тегли или шишиња, ставете ги во лонец и целосно потопете ги во вода, па додајте малку детергент за миење садови и оставете ги да се варат на силен оган. Варете сè додека налепниците сами не испливаат на површината. Откако ќе ги извадите од водата, додека се топли, истријте го делот каде што биле налепниците со сода бикарбона и четка за заби или жица за садови. За само неколку секунди тие ќе бидат како нови, никогаш неупотребени.
Кога сме кај стаклените садови, никогаш не заборавајте дека стаклото може да трае вечно, а тоа што ќе се скрши може да се рециклира. Рециклирањето на стаклото троши помалку енергија отколку што е потребно за неговото производство, а за секој тон стакло се испушта 315 килограми јаглерод диоксид. Најдоброто нешто е што може да се рециклира безброј пати, без да се изгуби квалитет. Но, ако фрлите стаклен сад во отпад, ќе му бидат потребни околу 4000 години да се разгради во околината.
Исчистените стаклени садови можат да се искористат за зимница, додека пак со некои тегли можете да ги замените и пластичните садови како оние во кои чувате тестенини, шеќер, сол или зачини.
Дознајте и како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови.