Одличен рецепт за природно зголемување на вашите усни

Одличен рецепт за природно зголемување на вашите усни

Станува збор за природен и безболен рецепт кој ќе ги направи вашите усни бујни и прекрасни. Овој препарат се состои од витамин Е кој ги регенерира усните, правејќи ги здрави и меки во комбинација со масло од цимет кое го стимулира дотокот на крвта во усните, поради кој и тие ќе изгледаат побујно.

Одличен рецепт за природно зголемување на вашите усни

Сè што ќе ви биде потребно за овој рецепт е:
  • 1 рамна кафена лажица масло од цимет (Ако немате масло, можете да искористите и цимет во прав, така што наместо една цела лажица ќе ставите половина.)
  • 3 рамни кафени лажици течен витамин Е
  • 1 мал сад
  • 1 шишенце во кое ќе ја чувате маската
Начин на подготовка и употреба:

Измешајте ги двете состојки во садот кој сте го подготвиле и потоа ставете го над тенџере со врела вода со цел смесата да се загрее од пареата. Кога таа ќе се загрее, ставете ја во шишенцето за чување, добро протресете и оставете ја да се олади.

Овој препарат се нанесува на секои 2 часа, така што ќе ставите пар капки на усните и нежно ќе ги масирате. Вие веднаш ќе ги забележите ефектите за зголемување на волуменот, но имајте на ум дека не станува збор за траен ефект, па откако ќе престанат да делуваат овие состојки вашите усни ќе се вратат во нормалната големина.

Внимание: Доколку почувствувате отрпнатост или пецкање по масажата, не грижете сè тоа е сосема нормално. Ова настанува поради циметот, а истовремено е и доказ дека препаратот делува. Но, доколку забележите дека вашите усни почнуваат да пукаат и да се лупат, тоа е знак дека треба да престанете да го користите овој рецепт. Оваа реакција може да се должи на алергија на маслото од цимет. Едноставно измијте ја устата со вода и намачкајте ја со балсам за усни или било која хидратантна крема и брзо ќе се смири.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар