Претходно
Одличен рецепт за појадок: Јајце во лиснато тесто
Доколку сакате брз, едноставен и вкусен појадок ви предлагаме да си го подготвите овој рецепт. Сигурни сме дека ќе ви се допадне!
Потребни состојки:
- Една кора готово лиснато тесто
- 1 изматено јајце + 1 неразматено за во тестото
- сусам
- сол
Начин на подготовка:
- Земете една коричка лиснато тесто, ставете ја на работната површина, па отесечете круг со модла или чаша. Постапката повторете ја и со останатите кори доколку подготвувате појадок за повеќе личности.
- Премачкајте ги корите со разматено јајце и наросете ги со сусам, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Круговите пред печење пресечете ги на поливинки, а подгответе ги за печење и квадратите кои ви останаа од тестото. Скршете по 1 цело јајце во секој од празните кругови.
- Печете го тестото 5 минути во загреана рерна на 250 ᵒС.
- По желба наросете со магданос и уживајте. Половинките печено лиснато тесто може да ви послужат за макање во жолчката.
Можеби сакате да пробате нешто поинакво како тост во рерна.