Одличен рецепт за гвакамоле
Гвакамолето е можеби најголемото кулинарско ремек-дело на мексиканската кујна. Ова јадење е намаз од пасирано авокадо, во кој често се додава лимон и ситно исечкани домати, лук и пиперки. Поради високото количество омега 3 масни киселини, витамини од групата Б, како и витамини Е и К, гвакамолето е навистина здраво, но и вкусно. Па уште денес пробајте го овој одличен рецепт за гвакамоле.
Потребни состојки:
- 2 зрели помали авокада
- Сок од половина лимета
- 1 помал домат
- 1/4 главица кромид
- 1/2 исечкана пиперка
- 2 чешниња лук
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
Исечете го доматот на коцки и ставете го во цедалка за да се исцеди вишокот вода.
Испасирајте го авокадото со виљушка, па додајте ги сокот од лимета, солта и биберот.
Потоа додајте го доматот и останатите претходно исечкани состојки. Промешајте и оставете го малку да отстои за да се подобри вкусот.
Доколку ви се допаѓа вкусот на авокадото, пробајте го и овој рецепт за намаз што ја намалува лошата киселина во телото.