Одличен извор на енергија: 4 здрави закуски кои успешно го спречуваат гладот

Одличен извор на енергија: 4 здрави закуски кои успешно го спречуваат гладот

Кога ќе почувствуваме глад, честопати во нашите раце завршува нешто мрсно или благо што за момент ни ја намалува желбата за вкусен залак. Квалитетната закуска, освен ситоста, на организмот може да ѝ ја даде и потребната енергија, па ви предлагаме да изберете еден од овие производи кога следен пат ќе ви се случи непријатност во стомакот.

1-odlichen-izvor-na-energija-4-zdravi-megjuobroci-koi-go-sprechuvaat-gladot-www.kafepauza.mk_

1. Интегрални житарки

Интегрални житарки содржат поголемо ниво хранливи влакна заради кои подолго време чувствуваме ситост. Од друга страна пак, освен што се богати со протеини, житарки со целосно зрно содржат и различни минерали, како што се магнезиум, железо, селен и А, Б и Е витамини. Можете да ги консумирате и со омилената напивка, како што е кафето или чајот.

2-odlichen-izvor-na-energija-4-zdravi-megjuobroci-koi-go-sprechuvaat-gladot-www.kafepauza.mk_

2. Шумско овошје

Боровинки, брусници, малини, рибизли и сето останато шумско овошје е богато со хранливи влакна – состојки кои се важни за правилната работа на дигестивниот систем. Боровинките се познати по тоа што позитивно влијаат врз способноста за учење и помнење, брусниците се природна замена за антибиотик, а малините се идеални за губење на вишокот сантиметри. Шумското овошје можете да го јадете самостојно, комбинирано со јогурт или да го подготвите цо форма на смуди. Без разлика на вашиот избор, освен уживањето во кисело-слаткиот вкус, вашиот организам исто така и ќе профитира од ова мало чудо на природата.

3-odlichen-izvor-na-energija-4-zdravi-megjuobroci-koi-go-sprechuvaat-gladot-www.kafepauza.mk_

3. Пуканки

Иако најчесто ги консумираме додека гледаме филм, пуканките се совршена закуска, бидејќи на мозокот му испраќаат порака за ситост. Најголемиот дел од пуканките ги сочинуваат комплексни јаглехидрати кои се квалитетен извор на енергија. Тие се добар извор на хранливи влакна и антиоксиданси, но нивниот недостаток е што најчесто се подготвуваат во зејтин. Затоа уживајте во нив, но немојте да изедете цела чинија, па подобро споделете ги со колегите или пријателите.

4-odlichen-izvor-na-energija-4-zdravi-megjuobroci-koi-go-sprechuvaat-gladot-www.kafepauza.mk_

4. Брокула

Со оглед на тоа што не станува збор за храна за која имаме обичај да ја јадеме самостојно, брокулата како закуска можете да ја подготвите и во смуди со банана и павлака. Оваа зелена намирница е богата со витамини Ц, А и К. Освен тоа што го дава сето она што е неопходно за здравјето, подмладување и детоксикација на организмот, брокулата зазема врвно место на листата „суперхрана“ благодарение на тоа што содржи голема доза сулфорафан за кој се смета дека го спречува ракот.

5-odlichen-izvor-na-energija-4-zdravi-megjuobroci-koi-go-sprechuvaat-gladot-www.kafepauza.mk_

Секогаш избирајте здрава исхрана, а ние ви предлагаме здрави ужини во кои ќе уживате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар