Одличен десерт што можат да го направат и вашите деца

Одличен десерт што можат да го направат и вашите деца

Овој колач е навистина лесен и брз за подготовка и можат да го направат дури и вашите деца.

Одличен десерт што можат да го направат и вашите деца

Потребни состојки:
  • 300 грама мелени бисквити
  • 100 грама маргарин
  • 100 грама шеќер во прав
  • 2 свежи банани
  • 1 круша
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 120 грама мелени ореви
  • + 4 свежи банани
  • 1 кесичка шлаг
  • 200 милилитри млеко
Начин на подготовка:
  • Измешајте го маргаринот на собна температура со шеќерот во прав. Во смесата додајте ја ренданата круша и пасираните банани. Добро измешајте ја смесата.
  • Потоа додајте ги бисквитите, ванилиниот шеќер и оревите.
  • На фолија распоредете ја смесата, наредете ги целите банани по должина и направете ролат.
  • Оставете го ролатот во фрижидер за да се стврдне.
  • Декорирајте со шлаг, мелени бисквити и ореви.

Пробајте ги и овие чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар