Одговорите на следниве 7 прашања ќе ви откријат дали сте во токсична врска
Никој не сака намерно да започне лоша љубовна врска и секој пар поминува низ тежок период одвреме-навреме. Но, постои разлика помеѓу справување со повремени проблеми и врска која станала токсична. И покрај знаците на предупредување, многу луѓе остануваат заглавени во токсичната врска. Тешко е да се сфати дека мора да ја прекинете врската и да продолжите понатаму. Доколку мислите дека нешто недостасува, поставете си ги следниве 7 прашања. Одговорите ќе ви откријат дали вашата врска е токсична…
1. Дали многу често викате и се карате?
Нормално дека партнерите не можат да се согласуваат за сѐ, но не треба да се чувствувате како да се возите на емоционален ролеркостер. Ако вашите караници се многу интензивни и доведуваат до драстични зборови и постапки, би требало да се загрижите. Доколку еден ден вашиот однос е добар, а веќе наредниот ден минувате низ криза, тоа е знак дека вашата врска е токсична. Физичкото насилство е исто така јасен знак дека мора да прекинете.
2. Дали постојано правите пресметки?
Врските не треба да бидат како фудбалски натпревар во кој партнерите постојано го следат резултатот и пресметуваат колку пати некој од нив направил нешто добро или лошо. Сите го правиме ова понекогаш, но врската која се заснова на пресметки е токсична. Без разлика дали постојано си ги нагласувате недостатоците или ги потенцирате добрите дела што сте ги направиле, тоа знак дека дека сте се свртеле еден против друг.
3. Дали се плашите да разговарате со партнерот за важни работи?
Ако не можете да му кажете на партнерот што навистина ве мачи или што ви пречи во врската, треба да бидете внимателни. Не е лесно да се соочите со личноста која толку многу ви значи, но кога паровите се обидуваат да ја задржат удобноста наместо да бидат реални, тоа е знак дека на врската ѝ се ближи крајот.
4. Дали вашиот партнер се грижи само за себе?
Можеби не сте забележале ништо на почетокот, но со текот на времето, вистинскиот карактерот на нарцисот излегува на виделина. Во тој случај, целата врска се врти само околу него, а вие сте во заден план. Нарцисите ќе се обидат да манипулираат со вас или да ви набијат грижа на совест за да ги исполните нивните потреби и да ги игнорирате вашите. Нарцисите најчесто зборуваат само за себе и не обрнуваат внимание на вашите проблеми. Најголемиот проблем тука е тоа што не постои емпатија во врската.
5. Дали мислите дека не можете да направите ништо како што треба?
Доколку се трудите премногу за да му угодите на партнерот, но не успевате, најверојатно никогаш нема да успеете. Ако партнерот постојано ве наведува да мислите дека не можете да направите ништо како што треба, тоа е сериозен знак на психичко насилство. Вашиот партнер треба да ви биде најголема поддршка. Доколку не е, сакајте се себеси доволно за да си заминете.
6. Дали вашиот партнер е себичен во кревет?
Иако сексот е само еден дел од врската, тоа не значи дека не треба да му се обрне внимание. Доколку партнерот не се однесува со вас како што треба во креветот, најверојатно ќе се однесува лошо со вас и во другите области од врската. Дали тој ви набива чувство на вина за да имате секс? Дали ги игнорира вашите потреби? Доколку одговоривте потврдно, тоа е знак дека треба да ја прекинете врската.
7. Дали сте постојано љубоморни?
Дали постојано мора да знаете каде сте и со кого сте? Треба да знаете дека вашиот свет не смее да се врти само околу вашиот партнер. Доколку партнерот го бара тоа од вас, ќе почнете да лажете, а кога лагите ќе бидат откриени, сѐ ќе се распадне. Можеби ќе одлучите да се откажете од вашиот живот, пријатели и интереси, бидејќи не сакате да го изгубите партнерот. Во секој случај, тоа е знак на токсична љубовна врска.
Во продолжение дознајте кои се 6-те вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате сериозна врска.