Одговорите на овие прашања можат да ви помогнат да откриете дали сте вистински заљубени

Одговорите на овие прашања можат да ви помогнат да откриете дали сте вистински заљубени

Како што се приближува Денот на вљубените, така многу парови почнуваат да ја преиспитуваат својата врска и да ги анализираат своите емоции. Тие сакаат да бидат сигурни дека се со вистинската личност покрај нив, па затоа и се обидуваат да откријат дали можат да направат нешто со што би ја подобриле оваа врска. Но, ако не сте сигурни дека тој е вистинскиот за вас, тогаш би требало да се обидете да одговорите на овие прашања…

Одговорите на овие прашања можат да ви помогнат да откриете дали сте вистински заљубени

Погледнете ги следниве 20 прашања со цел да откриете дали тоа што го чувствувате е љубов. Одговорете со „да“ или „не“, без многу размислување. Целта е да се фокусирате на првото нешто ќе ви падне напамет, бидејќи ако се обидувате рационално да размислувате, резултатите нема да бидат веродостојни. Епа ајде, земете длабоко воздух и опуштете се. Дозволете им на одговорите да дојдат директно од вашето срце.

1. Дали сте поврзани со него физички, ментално, емоционално и спиритуално?

2. Дали помислата на вашиот партнер ве прави среќни?

3. Дали се чувствувате среќно кога сте покрај вашиот партнер, исто како и кога не сте покрај него?

4. Дали се чувствувате слободно да бидете вистинските вие во оваа врска?

5. Дали ви се допаѓа личноста која сте покрај вашиот партнер?

6. Дали се сакате исто колку што го сакате и него?

7. Дали се чувствувате добро за личноста која вашиот партнер е?

8. Ако вашиот партнер ги изгуби своите материјални поседувања, дали сè уште ќе го сакате?

9. Дали го цените во целост, заедно со неговите позитивни и негативни страни?

10. Дали сте среќни кога добри нешта му се случуваат на вашиот партнер?

11. Дали го поддржувате кога се соочува со потешкотии?

12. Дали ви се допаѓа начинот на кој комуницирате со вашиот партнер?

13. Дали вашите одлуки секогаш го вклучуваат доброто за вашата врска?

14. Дали кога ќе чуете добри или лоши вести, вашиот партнер е првата личност на која се јавувате?

15. Дали кога имате проблеми, вашата прва мисла е да ги решите, а не да го напуштите?

16. Дали чувствувате дека можете да останете во оваа врска, дури и во тешките моменти?

17. Дали се чувствувате задоволно и исполнето во оваа врска?

18. Дали сте сигурни дека тој се чувствува на истиот начин како и вие?

19. Дали верувате дека најдоброто место за вас е покрај него?

20. Дали гледате на вашата врска со многу љубов и позитивни емоции?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар