Одговорете на овие прашања за да откриете каква промена треба да направите во животот!

Одговорете на овие прашања за да откриете каква промена треба да направите во животот!

Септември е месец кој носи тага поради одредени завршетоци, но навестува и нови почетоци. Во продолжение прочитајте на кои прашања треба да дадете одговор доколку сè уште не сте сигурни во која насока треба да продолжи вашиот живот.

Одговорете на овие прашања за да откриете каква промена треба да направите во животот!

  • Што е тоа што зафаќа простор и го блокира протокот на енергија во мојот живот, околина, стан, гардероба?
  • Што повеќе не ми треба, но добро би било да го задржам за секој случај?
  • На што се навикнав и што навистина ме прави среќен/а?
  • Што е тоа што можам да го отфрлам и што е тоа што ми треба?

Кога ќе ги одговорите овие прашања, можете да откриете многу работи што не се на површината. Преку нив, ќе можете да ги видите работите онакви какви што навистина се. Тоа може да биде нов поглед на динамиката на семејните односи, перспективата на раст во компанијата, моменталните животни околности, себеси и другите.

Дел од „можните“ септемвриски увиди:

  • Сфатив дека ми е доста од пасивни и негативни луѓе и не сакам повеќе да се обидувам да им го направам животот подобар на оние кои самите не го сакаат тоа.
  • Не сакам повеќе да се лутам за работи што не можам да ги променам.
  • Открив дека уметноста на игнорирање е голем благослов.
  • Сосема во ред е тоа што некој ми се лути.
  • Сакам да го посветам времето во нешто што има смисла, барем за мене.

Бидете подготвени дека ваквиот разговор со себе може да ви донесе големо олеснување, но и празнина. За да не се претвори празнината во фрустрација, пополнете ја со инспирација:

  • Замислете цел која навистина ја посакувате.
  • Размислете што најмногу ви пречи и што навистина сакате да промените.
  • Не правете грандиозни планови, бидете реални, но бидете истрајни.

Нема ништо посилно од упорноста и вербата во себе. Надминувате многу работи кога ќе почнете да се сакате и слушате себеси. Денес е одлично време за почеток!

Откако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и кои работи можат да ја променат вашата перспектива за животот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар