Одберете го идеалното здолниште според вашата фигура

Одберете го идеалното здолниште според вашата фигура

Автор: Ана Петровиќ

Со доаѓањето на топлите денови, омилените панталони заменете ги со здолниште кое ја истакнува вашата градба на телото. Правилно одбраниот материјал, должината и кројот можат многу да придонесат за визуелно издолжување на нозете и намалување на оние несакани килограми. Во продолжение, ви откриваме модели на здолништа кои одговараат на различните облици на телото.

0-2-odberete-go-idealnoto-zdolnishte-spored-vashata-figura-kafepauza.mk

Крушка – силни колкови и нагласен задник

Здолништата кои се шират и паѓаат од колковите надолу и кои се изработени од лесни материјали, лесно ќе ги намалат силните колкови и бедра. На ваквиот облик одлично прилегаат и молив-здолништата до колена, а мали трик кој визуелно ќе ја издолжи вашата фигура е детаљ од страна на здолништето. Користете потемни нијанси на материјали, а избегнувајте ги балон-здолништата, бидејќи ваквите модели ги нагласуваат бедрата.

1-2-odberete-go-idealnoto-zdolnishte-spored-vashata-figura-kafepauza.mk

Јаболко – нагласено подрачје околу стомакот

Асиметричните кроеви на здолништата можат одлично да го прикријат стомакот и да остават впечаток на поголеми колкови, па токму затоа се идеални за сите жени со ваков тип на градба. Доколку вашиот адут се тенките нозе, одберете здолниште со должина над колената, но без набори и со повисок струк.

2-odberete-go-idealnoto-zdolnishte-spored-vashata-figura-kafepauza.mk

Спортска градба – тенка половина и прави колкови

Здолништата во форма на ѕвонче се одлични за тенките, момчешки колкови бидејќи го оформуваат телото и визуелно му даваат облини. Овој модел можете да го комбинирате со кратки маички до струк или со широки блузи. Макси здолништата во различни дезени се идеални за визуелно создавање на облини, како и слоевитите „џипси“ модели, а избегнувајте рамни кроеви.

3-2-odberete-go-idealnoto-zdolnishte-spored-vashata-figura-kafepauza.mk

Ситна и ниска градба

На оваа градба ѝ прилегаат тесните, кратки здолништа. Одбегнувајте ги сите кроеви чија должина е под колената, бидејќи ги скратуваат нозете. Доколку имате ваков облик на тело одберете A-здолниште со висок струк, кое ќе го комбинирате со пикнати кошули или блузи.

4-2-odberete-go-idealnoto-zdolnishte-spored-vashata-figura-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар