„Од Зои до Томи“ – првата модна колекција на Зои Дешанел
Многу е тешко да не ја обожавате Зои Дешанел. Оваа неверојатно смешна девојка која е најпозната по својата улога во ТВ серијата „Нова девојка“ има исклучителна дарба за креирање на модерен ретро опуштен стил. Токму поради тоа, во соработка со Томи Хилфигер ја лансирала својата прва модна линија наречена „Од Зои до Томи“. Оваа колекција, исто како својот дизајнер е светла и весела, со одлична комбинација на бои.
Она што можеби не сте го знаеле за Зои е дека таа отсекогаш сакала да проба како ќе ѝ оди во светот на дизајнот. „Кога бев средно направив своја колекција и пораснав создавајќи голем број од моите изгледи,“ вели таа. „Самата си измислував свои комбинации.“ Кога ѕвездата го запознала Томи Хилфигер, дизајнер кој ја дели нејзината љубов кон сѐ што е класично и винтиџ, започнала нова соработка која изгледа како природна комбинација. Резултатот од нивното здружување? Погледнете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.