Од жена за венчавка до кралица на драмата: 10 типови жени кои би требало да ги избегнувате
За на прв поглед совршената партнерка подоцна да не се претвори во „чудовиште“ кое ќе ви го загорчи животот, внимавајте на овие знаци кои симболизираат неволја.
1. Жена за венчавка
Оваа жена има само една работа на памет, а тоа е да пронајде маж за кого ќе се венча. Неважно дали е загрижена за нејзиниот биолошки часовник или смета дека ова е нејзиниот „последен воз“, таа толку многу сака да формира брак што изборот на партнер е тотално небитен. Уште на самиот почеток таа ве запознава со нејзиното семејство, прави планови за пет години однапред, смислува имиња за вашите деца, а за да ве освои се труди да биде совршена девојка. За неколку месеци ќе се најдете како избирате прстен.
2. Кралица на драмата
Таа е непредвидлива, спонтана и многу темпераментна. Со неа никогаш нема да ви е досадно, а причината за тоа е што таа предизвикува драма и онаму каде што ја нема. Штом почувствува дека не ѝ подарувате доволно внимание, ќе ве нападне пред целото друштво. Ако погледнете некого на улица, ќе излезе од автомобилот и ќе си замине, а ако пак сакате да ја оставите – ќе почне да плаче, бидејќи не може да го замисли нејзиниот живот без вас.
3. Спонзоруша
За препознавање на спонзорушата не е потребно многу знаење, бидејќи таа во прв план ја истакнува својата физичка убавина во која инвестира со чести посети кај фризер, козметичар и во шопинг. Уште на самиот почеток нејзиното внимание ќе биде насочено кон вашиот часовник или автомобилот што го возите. Никогаш нема да посегне по својот паричник и ќе ве натера да мислите дека плаќањето на сметката е сосема „џентлменска“ и нормална особина. Набргу ќе забележите дека други интереси освен излегувањето и средувањето – нема.
4. Повредена
Овој тип жени е опасен, а ја опишува онаа жена која неодамна излегла од долгогодишна врска која не ја преболела потполно. Лесно може да ги имате сите посакувани квалитети во врската, бидејќи нејзе не ѝ е грижа за тоа и таа во моментот не е во состојба да развива длабоки чувства. Ќе се најдете во врска од која ќе излезете повредени и несигурни, а таа со задоволено его.
5. Незадоволна
Зошто си ова, а не ова… се омилени зборови на таканаречената незадоволна жена. Во врската вие никогаш нема да бидете доволно добри и нема да ги задоволите нејзините критериуми, бидејќи таа всушност и ги нема, т.е. ни самата не знае што сака. Овој тип жени се фрустрирани од сопствениот живот, но наместо да го средат тие ќе сакат да го „скројат“ партнерот по своја мерка – преку изборот на облеката, пријателите, однесувањето.
6. Кукла
Таа е згодна, секогаш насмеана, слатка, пристојно и потврдно одобрува со главата. На прв поглед ќе мислите дека сте ја пронашле најсовршената жена и со задоволство ќе сакате да ја водите со себе додека другите љубоморно ќе ве гледаат. Ова додатно ќе го потврди фактот дека нема никогаш да се карате бидејќи таа секогаш ќе се согласува со вас. Но, ако подобро ја анализирате ќе забележите дека таа многу ретко ги искажува своите ставови и мислења, па ќе се запрашате дали воопшто и ги има.
7. Пијавица
На прв поглед ќе ви се допадне колку многу ѝ се допаѓате и со неа не мора да играте игри од типот топло-ладно за да ја освоите. Наскоро нејзините 10 повици на ден, ќе ви покажат дека треба да ѝ давате сметка за сè што правите. Па дури и кога само ќе погледнете дали се запалило зеленото светло на семафорот бидете спремни за објаснување – си имате работа со љубоморна жена која како пијавица се лепи за партнерот и ја црпи неговата енергија.
8. Мимоза
Таа е мамина и татина принцеза, со чисто срце и намери, а светот спрема неа е злобен. Нејзините приказни се сведуваат на тоа дека луѓето кон неа се неправедни, на работа секогаш е жртва, а сите нејзини пријателки ѝ се љубоморни. Со овој тип жена ќе добивате редовни „терапии“ со молк и лутење бидејќи сте ги повредиле нејзините чувства, сте рекле нешто бесчувствително или само сте се однесувале како кретен, а вие ќе немате врска за што се работи.
9. Таа знае сè!
Мажите сакаат интелигентни жени кои знаат да се изразат и имаат свои ставови, но не такви кои „знаат баш сè“. Не оние кои не дозволуваат спротивни мислења од своите и не ја прекинуваат расправијата додека не кажат сè што им е на ум. Таквите жени имаат навика да го истакнуваат своето образование, искуство, истовремено потценувајќи ги луѓето околу себе.
10. Сериска заводничка
Таа зрачи со сексапил, по неа се вртат сите мажи на улица, а таа знае за својата привлечност и знае како да ја искористи. Секогаш е опкружена со обожаватели, секогаш добива понуди за состаноци, и каде и да излезете таа познава барем еден. Многу брзо ќе сфатите дека таа не е само жртва на својата убавина, туку намерно ги поттикнува мажите да флертуваат со неа, бидејќи таа обожава да го „пумпа“ своето его, па покрај неа ќе чувствувате несигурност и љубомора.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.