Од сосема поинаков аспект: Дали љубовта е емоција?

Од сосема поинаков аспект: Дали љубовта е емоција?

Дали љубовта е емоција? Да ја тргнеме на страна вашата љубов кон работата или некое парче облека каде што зборот „љубов“ се користи како суперлатив. Романтичната и родителската љубов се нешто сосема поинакво, но дали станува збор за емоција? Емоциите доаѓаат и си одат, понекогаш траат само неколку секунди, а ретко кога повеќе од еден час. Ако направите подетална анализа на периодот додека сте биле лути или исплашени цел час, ќе сфатите дека вие сте ја почувствувале таа емоција повеќе пати во текот на тој еден час, а не сте имале една продолжена емотивна епизода.

Од сосема поинаков аспект: Дали љубовта е емоција?

И родителската и романтичната љубов подразбираат долготрајна посветеност и силна поврзаност со одредена личност. Но, ниту едно од тие две не е емоција. Емоциите се многу кратки, додека, пак, љубовта трае. Меѓутоа, иако љубовта може да трае цела вечност, честопати не се случува тоа. Родителската љубов, од друга страна, пак, е доживотно обврзување иако постојат ретки исклучоци кога родителите се откажале од нивните деца. Љубовта кон децата не значи дека не треба да се плашите од ризиците што ги преземаат, дека не треба да се нервирате ако не дојдат на семејниот ручек, да се растажите кога ќе се разочараат или да се орасположите кога ќе успеат.

И покрај тоа што романтичната љубов обично не трае исто толку колку и родителската, постојат примери за вечна љубов. Но, дури и да станува збор за краткотрајна љубов, не се работи за моментална состојба, туку за посветеност и поврзаност. Се работи за период во кој ќе почувствувате многу различни емоции.

И во родителската и во романтичната љубов, се грижите, се посветувате и станувате поподложни на доживување разновидни емоции. Но, овие емоции не траат, туку доаѓаат и си одат, траат само неколку секунди или минути, а не цела вечност како што можеби очекувате од родителската љубов и се надевате за романтичната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар