Од што нè боли глава?
Силни бодежи, стегање, болно пулсирање – овие непријатни чувства ви се познати ако често патите од главоболка.
Луѓето патат од главоболка скоро отсекогаш. Според записите, уште од околу 4.000 година п.н.е. во Месопотамија се верувало дека лошиот дух на главоболките Тиу е виновен за ова непријатно чувство. Ова верување било раширено во многу култури, што било причина за појава на трепанацијата – процедура со која се прави мала кружна дупка во черепот – што значело излез за духовите кои ја причинувале болката.
За среќа, денес главоболките се лечат без потреба да се прават дупки во черепот. Но ако не се лошите духови, тогаш што е тоа што ни ја предизвикува болката?
Медицинската литература има собрано доста причини. Некои од нив ги знаете, но од некои ќе се изненадите. Ова е листа на сите предизвикувачи на сите видови главоболка:
- Прекумерна употреба на лекови за болка – Половина од хроничните ммигрени и околу 25% од сите видови главоболки се повратна епизода предизвикана од прекумерна употреба на обични лекови за болка.
- Пиво
- Вино
- Соја
- Чадена риба
- Меса кои содржат нитрати (сланина, виршли, салами, сушено месо)
- Обработена храна
- Ферментирана храна
- Маринирана храна
- Туршија
- Чоколадо
- Млечни производи
- Зрело сирење
- Аспартам
- Јаткасти плодови
- Прескокнување оброци
- Силна светлина
- Гледање во сонце
- Гласни звуци
- Пријатни мириси како парфеми
- Непријатни мириси како боја за ѕидови и чад од цигари
- Пушење
- Замор
- Замореност на очите
- Повреди на главата
- Недоволно спиење
- Премногу спиење
- Спиење во ладна соба
- Сексуална активност
- Напорна физичка активност
- Стрес
- Депресија
- Анксиозност
- Хормонални промени кај жените за време на месечниот циклус, во текот на бременоста или за време на менопаузата
- Настинки, грип или синусни инфекции
- Промена на времето или на барометарскиот притисок
- Држење на главата во неприродна позиција додека работите (на компјутер, на микроскоп…)
- Спиење со вратот во неприродна положба
- Промени во ритамот на спиење
- Топлина (топло време, топла бања)
- Стискање на вилицата и чкрипење со забите
- Орални контрацептивни средства и хормонална терапија
- Големи височини (при пешачење, патување со авион)
Сериозните причинители на главоболките се ретки, но понекогаш главоболката е предупредување за некое посериозно нарушување. Доколку забележите дека главоболка ви се јавува секогаш во одредени ситуации или пак таа е пропратена со други симптоми, консултирајте се со вашиот доктор и побарајте стручна помош.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
A ima nesto od sto ne ne boli? 😀
Да, на пример од овошје и зеленчук. 🙂 Инаку, ова се можни причинители, не значи дека ништо од ова не треба да се јаде и да се прави.
a go zaboravile najvazhniot i najchestiot prichinitel za glavobolka – nervozata :/
Е како не,испадна шо и да напраиш ќе те боли глава..хаха свашта