Од ретро до футуристички: Најпопуларните очила за оваа сезона
Очилата за сонце се неизбежен моден додаток за време на топлите денови од годината, а најважните критериуми за нивниот избор е секако добро да ви стојат. Па доколку сакате да ги одберете совршените очила за вашето лице и истовремено да сте во чекор со модните трендови, изберете еден од овие модели:
Предимензионирани рамки
View this post on Instagram
Спротивно на ланската тренд со минијатурни очила за сонце, оваа сезона важи правилото – што поголемо, толку подобро! Најдобриот избор се квадратните рамки од 70-тите години.
Очила без рамки
View this post on Instagram
Од Ријана и Џенифер Лопез, па сè до Ким Кардашијан, сите славни трендсетерки оваа сезона носат футуристички очила за сонце со големи стакла, но без рамка.
Правоаголни очила
View this post on Instagram
Уште еден ретро тренд што ни се враќа од 90-тите години се очилата за сонце со правоаголна форма коишто ќе ги обожаваат минималистите во модата.
Ретро авијаторки
View this post on Instagram
Иако овој модел никогаш не излегува од мода, оваа година тие се наоѓаат високо на врвот, особено моделите со стакла во различни бои и рамките од 80-тите години.
Очила во форма на мачкини очи
View this post on Instagram
И овој модел не излегува од мода и им одговара на сите жени, па затоа и се толку популарни. Одберете ги оние со минијатурни рамки за да бидете во чекор со модата.
Очила со синџирче
View this post on Instagram
Наједноставниот и најевтиниот начин да останете во чекор со трендовите оваа сезона е да вложите во очила со синџирче што ќе им даде нов, свеж живот на вашиот стар пар.