Од работното биро до ноќните журки: 2 изгледи за успешна транзиција
Изглед 2: Впечатлива и ведра
Чекор 1: Усни
Оставете силен впечаток така што ќе ги ставите усните во преден фокус. Јака боја на усните веднаш ќе ја разведри канцелариската монотонија. Облеката во силни бои, дури и колор блокингот изгледа одлично и за во канцеларијата, но и за вечерните излегувања. А телефонот може да послужи како одлично огледалце.
Чекор 2: Руменило
Направете свое руменило така што ќе ставите малку кармин на задниот дел од дланката од каде после ќе нанесете на јаболчниците со помош на прстите.
Чекор 3: Коса
Создадете волумен без употреба на топлина или премногу труд. Поделете ја косата на три дела. На првиот дел, нанесете спреј за волумен директно на скалпот и тапирајте со четка. Врзете и прицврстете со шноли. Направете го истото и со вториот дел. Третиот дел, тапирајте го делот кај круната и со рачката од чешелот подигнете ја косата за да добиете повеќе волумен и облик. Ако ви остане уште некое перче, истапирајте го и него што ќе го обликува вашето лице.
За крај, слечете го здодевното сако и додадете интересна јакна спремна за вечерните лудувања.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Znaci da nosam so sebe rezerva sorcevi, jakni I canti, pokraj sminkata I priborot za sreduvanje kosa (zaedno so lakot za kosa).
A da si pobaram na rabota I prostor za garderober?
Me interesira kade vi se komentarite, bidejki do sega nitu eden nemam videno 🙂
Пред да излезат јавно, коментарите се одобруваат. Инаку излегуваат скоро сите што се оставени.