Од книгата со рецепти на баба: Брза торта со јаболка, гриз и чоколадо

Од книгата со рецепти на баба: Брза торта со јаболка, гриз и чоколадо

Мек и вкусен залак!

Потребни состојки:
  • 4-5 јаболка
  • 100 грама шеќер
  • 50 грама ореви
  • 3 јајца
  • 2 лажици гриз
  • 2 лажици брашно
  • Прстофат цимет
  • 1/2 пакување прашок за печиво
  • 50 милилитри масло
  • 100 милилитри јогурт
  • 100 грама чоколадо
Начин на подготовка:

Обложете ја тавата со хартија за печење. Излупете ги јаболката и исчистете ја средината. Смелете ги оревите и измешајте ги со 2 лажици од шеќерот, па наполнете ги јаболката со мешавината. Вишокот ореви со шеќер тргнете го настрана. Ставете ги јаболката во рерна на 200 степени, околу 20 минути, односно додека не се запечат. Потоа тргнете ги.

Изматете ги јајцата со шеќерот и додајте ги маслото, какаото, јогуртот, гризот и брашното заедно со прашокот за печиво. Јаболката посипете ги со цимет, па истурете дел од мешавината за тестото над нив. Потоа сипете го остатокот од оревите, па додајте уште еден слој од тестото.

Ставете ја тортата во рерна и печете околу 30-тина минути. Почекајте да се олади па прелијте ја со глазура од стопено чоколадо измешано со 2 лажици масло.

Пробајте го и овој рецепт за домашен колач со сливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар