Од каде потекнува навредата и зошто има толку силно влијание врз вас?
Сосема нормално е понекогаш да се чувствувате навредени. На пример, некоја ваша блиска личност ви ветила нешто, но не го исполнила тоа. Ќе се чувствувате навредени? Секако! И покрај фактот што ова чувство е многу често и секој го доживува, треба да ја сфатите штетата што ја предизвикува и да се изложувате на него што е можно помалку. Па, од каде потекнува ова чувство и зошто има толку силно влијание врз вас?
Невозможно е некој да ве навреди доколку вие самите не му дозволите!
Секој од вас одлучува дали ќе се навреди од нешто или не, а најчесто повеќето се одлучуваат за првата опција. Но, што ќе постигнете кога сериозно ќе се навредите и ќе верувате дека тоа некако ќе ви помогне во животот?
1. Чувството на навреда е деструктивно и го запира вашиот личен развој. Оние луѓе кои премногу се навредуваат нема да успеат во ниту едно животно поле.
2. Ако дозволите тоа чувство да навлезе во вашата душа и таму да остане, тоа нема да им дозволи на другите чувства да се развиваат во вас, оние кои ви се потребни за личен развој.
3. Навредата е главна пречка на патот за достигнување на вашите цели.
4. Навредата предизвикува болести кои може да бидат и физички и ментални.
Причината за сите навреди се наоѓа во неразумните очекувања и неостварените желби
Во односот со вашите блиски, вие секогаш очекувате нешто од нив, а на таков начин постојано ќе се чувствувате навредени, но вистината е дека овие навреди се создадени без оправдана причина, односно од вашите преголеми очекувања, како што е на пример очекувањето дека вашите родители ќе ви купат нешто, дека ќе поминете прекрасна вечер со вашиот партнер и слично. На таков начин вие ги обвинувате вашите блиски за разочарувањата, но всушност тие не се криви, па така не само што се уништувате себеси, туку и ним им наметнувате такво чувство.
За да ги спречите последиците од навредите, би требало да ги претворите во позитивна енергија
1. Ослободете се од навредата. Ако сте навредени од некои личности, простете им на кој било начин и дајте им до знаење дека не им се лутите и дека не сте навредени од нив, туку ги сметате како учители во вашиот живот. Важно е простувањето да доаѓа од вашето срце.
2. Не дозволувајте навредата да навлезе длабоко во вашето срце. Држете се на растојание од луѓето или ситуациите кои не ви одговараат. Агресивните луѓе ви ја исцрпуваат енергијата, па не дозволувајте им го тоа!
3. Одете бавно и внимателно кон својата цел. Полека и смирено движете се кон вашите цели, без да покажувате преголема заинтересираност, за на крај, ако не успеете во своите намери, да не бидете разочарани и навредени од самите себе и од вашиот живот.
4. Не очекувајте другите да се однесуваат онака како што вие сакате. Не трудете се да ги промените другите и да ги направите онакви какви што вие сакате. Не заборавајте дека универзумот функционира според принципот „Никој не мора ништо да направи за другите“!
Навредата е последица на гордоста и неспособноста за правилна комуникација. Сѐ додека личноста се смета себеси за совршена, никој не ќе може да ја задоволи и ќе почне да се штити од другите со користење на навредата. Сепак, не е сѐ така лошо, затоа што која било навреда можете да ја претворите во позитивна и креативна енергија и кога искрено ќе простите, работите ќе се подобрат. Простете им на оние околу вас, оние кои ви се блиски и оние кои ви се далечни, а најважно од сѐ е да успеете да си простите себеси!