Очигледни знаци дека тој флертува со вас
6. Допир
Доколку тој наоѓа различни начини за да ве допре, тогаш дефинитивно со тоа сака да ви каже дека е заинтересиран. На овој начин тој се обидува да го привлече вашето внимание и да најде каков било изговор да започне разговор со вас. Доколку и вам ви се допаѓа, тогаш возвратете го флертот.
7. Навалување на главата
Начинот на кој мажот ја навалува својата глава може исто така да биде знак дека му се допаѓате. Доколку ја навалува главата кон вас, тоа значи дека го имате неговото целосно внимание и дека внимателно го следи секој збор кој вие го изговарате. Ова исто така значи и дека навистина му се допаѓа она што вие го говорите и сака да го продолжи разговорот помеѓу вас.
8. Проширени зеници
Понекогаш очите знаат да ги откријат најголемите тајни на луѓето, доколку знаете како да ги прочитате. Истото се случува и кога некому му се допаѓате, неговите зеници се зголемуваат во истиот момент кога ќе ве здогледа. Токму затоа нареден пат обрнете внимание на неговите зеници доколку сакате со сигурност да знаете дали му се допаѓате или не.
9. Подигнати веѓи
Ако му се допаѓате, тогаш тој несвесно ќе ги крие неговите очи во ваша близина, но исто така може и да ги држи веѓите малку подигнати. Доколку го забележите ова однесување, тој со сигурност е заинтересиран за вас.
10. Гестикулирање
Дали гестикулирате кога сте во близина на момчето кое ви се допаѓа? Тоа е сосема нормално однесување со кое луѓето се обидуваат да ја сокријат својата нервоза. Токму затоа доколку забележите дека тој гестикулира повеќе од вообичаено кога е во ваша близина, тоа дефинитивно значи дека е заинтересиран за вас, но дека е малку нервозен од разговорот помеѓу вас.