Очајот не е секси: Бидете свои, а не девојката што ќе му се допадне на секое момче
Жално е што сѐ жените ќе направат за да освојат маж. Почнувајќи од намалување на нејзиното ниво на интелигенција, па до начинот на кој се облекува, жената е спремна да направи сѐ за да има маж во својот живот. Но, токму тие очајни повици за помош се она што ќе ја направи да биде сама.
1. Очајот се чувствува во воздухот
Очајот толку силно се чувствува, без разлика колку личноста се труди да го скрие тоа. Замислете некој прекрасен апартман со заборавени расипани јајца во кантата. Без разлика колку прскате со освежувачи, парфеми и сл., таа миризба никогаш нема да си замине. Исто е и со очајот, дури и најтешките хемикалии не можат да ја прекријат неговата реа.
2. Искреноста поттикнува искреност
Факт е дека се чувствуваме многу попријатно околу луѓе кои се искрени бидејќи тие нѐ поттикнуваат да го правиме истото. Навистина е освежувачки да бидеме искрени во свет каде сме под толкав притисок да се однесуваме на одреден начин. Автентичните луѓе нѐ привлекуваат бидејќи тие се поинакви од остатокот од светот. Кога гледаме некој што го спушта својот ѕид, тоа нѐ тера нас да го спуштиме нашиот. И чувството е одлично…
3. Неотповикливо сме привлечени од самодоверба
Луѓето кои се оригинални и имаат самодоверба се автоматски попосакувани. А кога тие се трудат да бидат нешто што не се, тоа се гледа од авион. Единствените луѓе кои ги привлекува очајот се предаторите – луѓе кои ќе ве користат за нивните цели. Останатите се толку исплашени од животот,па затоа бараат стабилна врска со личност која има самодоверба.
4. Ранливоста е секси
Луѓето се такви што се идентификуваат во однесувањето на другиот. Па така, кога некој се отвора, тој делува попривлечно. И уште поважно, ако некој се отвори, тоа предизвикува желба и ние да се отвориме. Затоа кога имате лош ден, или сте нервозни, подобро кажете за тоа, затоа што искреноста и ранливоста ве прават човек.
5. Вистината е пофасцинантна од која било лага
Вие сте многу поинтересни со гола душа и со сите ваши недостатоци, отколку со нашминкано лице и со „дотеран“ карактер. Начинот на кој живеете, начинот на кој се однесувате и начинот на којшто сте воспитани се нешта од кои никогаш не смеете да се срамите. Вашите недостатоци и маани, радости, музички вкус и лудите роднини се всушност она што ве прави да бидете вие. Немојте да ги сокривате со надеж дека ќе изгледате пософистицирано и поинтересно. Бидете свои и бидете слободни – нема ништо посекси од тоа.