Обожувате да вежбате? Тогаш сигурно ви е смачено да ги слушате следниве 14 работи!

Обожувате да вежбате? Тогаш сигурно ви е смачено да ги слушате следниве 14 работи!

Луѓето кои не сакаат да вежбаат не можат да ги разберат поединците коишто го обожуваат вежбањето. Не можат да сфатат како некои луѓе сакаат да се потат и да се мачат со часови во теретана, па дури и ги сметаат за чудни. Сепак, навистина постојат личности кои обожуваат да вежбаат и се гордеат на нивната витка става и добро оформени мускули. Токму затоа, ним им е смачено да ги слушаат следниве 14 работи…

Обожувате да вежбате? Тогаш сигурно ви е смачено да ги слушате следниве 14 работи!

1. „Не оди на вежбање и дојди со нас на пијалак!“ Ова е најлошото нешто што можете да го
кажете, бидејќи стекнувањето волја за вежбање е доволно тешко само по себе, а уште потешко е кога пријателите ве убедуваат да правите нешто друго, наместо да ве поддржат.

2. „Никогаш не би се грижел/а толку за мојот изглед.“ Луѓето коишто се физички активни, не вежбаат само за да изгледаат убаво. Некои на тој начин се опуштаат и си го подобруваат расположението. Фактот што ќе имате убаво обликувано тело по вежбањето е само бонус. Немојте веднаш да претпоставувате дека луѓето одат во теретана само затоа што се опседнати со нивниот изглед.

3. „Не ти се јаде хамбургер понекогаш?“ Не треба да го коментирате туѓиот начин на исхрана. Освен ако вашиот пријател не покажува симптоми на нарушување на исхраната, не му кажувајте што и како да јаде.

4. „Секогаш само вежбаш.“ Ова не е воопшто точно! Ако луѓето коишто се физички активни постојано вежбаат, тогаш не би можеле да одат на работа и да излегуваат.

5. „Колку килограми имаш изгубено?“ Да повториме: Вежбањето не е значајно само поради неговото влијание на надворешниот изглед. Освен тоа, ова прашање е малку некултурно и нападно.

6. „Би одел/а во теретана ама не сакам мускулите да ми станат огромни.“ Прво и основно, големите мускули може да изгледаат убаво. Освен тоа, можно е да вежбате без да набиете огромна мускулна маса.

7. „Не знам како наоѓаш време за вежбање.“ Понекогаш треба да ги правите работите што ви носат среќа. Не е себично да се грижите за себе. Секогаш треба да одвојувате време за вашите омилени хобија и активности.

Обожувате да вежбате? Тогаш сигурно ви е смачено да ги слушате следниве 14 работи!

8. „Сакаш ли да постигнеш некаква цел со вежбањево?“ Да, сите имаат некаква цел, но откако ќе ја постигнат таа цел, веднаш си поставуваат нова. Една од придобивките на вежбањето е тоа што постојано ви дава можност да работите на вашиот напредок. А тоа е многу забавно!

9. „Мразам кога луѓето зборуваат за вежбање. Тоа е толку здодевно.“ Секако дека никој не сака да слуша колку стомачни или склекови сте направиле денес, но постои причина зошто луѓето уживаат да зборуваат за вежбањето. Забавно е да се зборува за работите што ги сакате и ве прават среќни, се согласувате?

10. „Можеш ли да си земеш слободен ден? На одмор сме.“ Да, луѓето што вежбаат можат да си земат слободен ден и понекогаш го прават тоа, но своеволно. Тие си имаат распоред што им одговара и сосема е во ред да џогираат наутро и покрај тоа што се на одмор. Сите имаат различен метод на релаксација. За некои луѓе тоа е вежбањето.

11. „Едвај чекам да ти помине маратонот за да можеш повторно да имаш социјален живот.“ Љубителите на вежбањето го ценат тоа што ви недостасува забавувањето до раните утрински часови во сабота вечер и сигурно ќе можете да го повторите тоа некој ден. Но, моментално тие работат на нешто што многу им значи и добро би им дошла вашата поддршка.

12. „Кога се будиш за да вежбаш јога? Ти си луд/а!“ Луѓето што вежбаат не се луди, туку едноставно го прават тоа што го сакаат и би сакале да ги разберете.

13. „Слушнав дека не е здраво да се вежба кик бокс.“ Луѓето коишто вежбаат многу внимаваат на нивното здравје, така што не сакаат да ги слушаат најновите теории на заговор за тоа како брзото трчање или кик боксот се штетни по здравјето.

14. „Не ми се допаѓаат мажите/жените кои имаат премногу мускули.“ За вкусовите не се дискутира! Точка!

Доколку немате волја да станете физички поактивни, прочитајте ги следниве мотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар