Обликот влијае на изгледот на раката: Како да дознаете кој облик е совршен за вашите нокти?
Некои жени едноставно сакаат класика и едноставност и тоа никогаш нема да им се здосади, додека некои сакаат да експериментираат и да си ‘играат’ со ноктите. Сепак, едно нешто им е заедничко на сите: чувајте ги ноктите уредни и негувани. Тие даваат посебна нота на женственост, па ако размислувате за одредена форма, прочитајте го продолжението на овој текст.
Облик на бадем
Најголем недостаток на оваа форма е тоа што најлесно се оштетува, за разлика од другите облици на нокти. Сепак, предноста на оваа форма е тоа што им дава многу нежен изглед на рацете. Ако го сакате тој ефект, одлучете се за неа.
Облик на коцка
Со неа ноктите се навидум поостри, но коцкестата форма ги прави прстите да изгледаат пократки и подебели, што на ниту една девојка не ѝ се допаѓа, нели? Иако оваа форма има естетски недостатоци, коцкестите нокти најтешко се кршат и траат најдолго.
Заоблен облик
Прстите со оваа форма секогаш изгледаат подолго, па затоа оваа форма е најдобра за жените кои навистина имаат кратки прсти. Овој облик им дава посебна женственост на рацете и ги издолжува.
Шпицест облик
Ова е формата што привлекува најголемо внимание. Некои велат дека овие нокти изгледаат премногу агресивно и остро, а други се прашуваат како е воопшто можно да се работи со нив, но жените знаат дека тоа не е невозможно. Сè е прашање на навика, па ако размислувате за оваа форма, имајте на ум дека е можно да ја практикувате само на надградени нокти, бидејќи е тешко оваа форма да се постигне за природните.
Можеби сакате да ги погледнете и овие магично дизајнирани нокти кои раскажуваат цели приказни.